Зависи од работата која ја работиш. Ако работиш на градилиште или чистиш тоалети, тогаш не се исплаќа. Но, ако имаш добра добра работа, тогаш се исплаќа. Се зависи од одредени фактори и се е релативно.
Не ми се допаѓа баш тоа на мене, ма да сите инвестираат во странство, сите бегаат по другите држави како луди со надеж дека ќе створат нешто повеќе дека оддеднаш ќе се збогатат, можеби се во право може не, ама неможе секој да успее, секаде е криза така да јас не би отишла да работам во друга држава, ниту пак да живеам. Ќе си останам во мојата родна земја Македонија!
Зависи од работата која ја работиш. Ако работиш на градилиште или чистиш тоалети, тогаш не се исплаќа. Но, ако имаш добра добра работа, тогаш се исплаќа. Се зависи од одредени фактори и се е релативно.
Добро, чистач на тоалети во Германија добива повеќе од доктор во Македонија...Па, така, планирам да завршам факултет и да бегам од ГрујоБранкоЛенд (Македонија). Секако, не како чистач на тоалети, туку да најдам подобра работа.Зарем не ти е Унгарија родна земја?! Не верувам дека Ержебет, алах да и ги прости гревовите, била од Ресен...
И тоа се исплати, градежнците се добро платени по запад и има подобри сигурносни услови за работа... овде гинат како муви, секој втор ден ги има по црни хроники.
Инаку општо, РМ ќе доживее тежок економски колапс во наредните 10-15 години. Пред тоа може да има и војна како начин навремено да се евакуира олигархијата. Ако можете да избегате од земјата на хунзите барем до 2020.... бегајте.
Пред 14-15 години имав можност да работам на својата струка и да живеам во странство.Не отидов само за да моите деца израснат во оваа убава Македонија, мислејќи дека ке биде економски подобра за живеење.
Но сега мислам дека мојот потенцијал не го искористи државата доволно, а јас станав исфрустирана бидејки со чесна работа од 20 години работен стаж не заработив ништо, живеам од ден за ден, а никаква сигурност немам за старост.Се плашам дека на старост ќе бидам терет, без пензија, без уштедевина.
Мислам дека не е доволно да имаш храна и покрив над глава, туку да секој ден одиш напред во животот и да го живееш животот во потполна смисла. А секој со било која професија , во билокоја држава со чесна работа ќе живее поубаво од овде. Во нашава убава држава со чесна работа се оди секој ден наназад и лошо се живее.
Колку и да ми биде тешко посакувам моите деца да живеат надвор и да своите потенцијали ги развиваат, да живеат без да размислуваат и го цепкаат денарот до секој први, да спечалат барем една некретнина, да се почувствуваат дека го живеат животот , а не да животарат од ден за ден.
Ќе те сместат во подрум децата поради тоа што не си заминала кога си имала прилика.
Јас порано планирав стариве да ги пратам во планина поради тоа што имале неколку шанси за да излезат од библијската земја на хунзите но немале храброст...ама тоа беше порано....сега се навикнав на нив и некако дури и симпатични ми станаа...
А пензионерите како живеат?Абе уживајте во јадната ни Мак.животот во странство не е тоа што го замислувате.
Финансиски дојдено е време да мораш да имаш две работни места за да преживееш,со една просечна плата да речеме од 1500-2000€ месечно ништо не правиш.
Таа слобода што ја има во Мк.во секој можен поглед ја нема никаде.
Само за инфо.
А пензионерите како живеат?
Подобро од нас?