Кариера надвор од Македонија

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Какво е вашето мислење на оваа тема? Работа и живот во странство? Оправдано, исплатливо или?
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
понекогаш едниствена шанса за успех ти е востранство ко во мојот случај.. јас за неколку години ке станам( се надевам) електро инженер за компјутерско системско инженесрство. јас морам да одам в осранство да работам за што овде во македонија сеуште нема такви погони во фабриките каде би го искористил моето знаење... таак да морам да заминам во странство ако сакам да го работам, тоа што го сакам
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Не ми се допаѓа баш тоа на мене, ма да сите инвестираат во странство, сите бегаат по другите држави како луди со надеж дека ќе створат нешто повеќе дека оддеднаш ќе се збогатат, можеби се во право може не, ама неможе секој да успее, секаде е криза така да јас не би отишла да работам во друга држава, ниту пак да живеам. Ќе си останам во мојата родна земја Македонија!
 

Maks

Староседелец
Имав можност да работам во Германија за одлична плата, но не ми се допаѓаше условот што ми беше поставен, а тоа е да поднесам документи и да извадам Бугарски пасош. Не сакам да бидам тоа што не сум.
Роден Македонец и засекогаш Македонец. :nasmevka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rusty and Elizabeth Bathory

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Да ви кажам искрено, да ми понудат да заминам сега од нашава државичка, би заминала без око да ми трепне. Навистина ја сакам многу Македонија, со сето срце, ќе чувствувам носталгија, ќе ми недостига родното место.. но барем ќе имам подобар живот. Стандардот тука ни е на многу ниско ниво.
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Оправдано ,затоашто во странство се работи многу ,ама и го знаат зашто и го работат за кратко време си имаш свое количе,станче , а не овде некои што имаат и по 40години седат со мама и тато,затоашто нивната плата не им дозволува да си имаат сопствен кров.Прва шанса си бегам отука си сакам свое станче,количе што ке си ги заработам со овие мои 10 прсти :gladen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Имав среќа да работам во странство и таму со некоја си просечна плата имаш свој стан, кола, пиење до смрт и уште 100 задоволства. тука со оваа плата нема шанси 1 од овие да имаш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella

Maks

Староседелец
Бидејќи сум возач на камион и секоја 2 недела сум надвор од МК низ Еу еве некој податоци ако ве интересира :)
Пр. за Германија
Утоварач истоварач што работи на црно зема по 9е. на час но работи само кога си најде сам работа.
За другите што работат легално не е битно што и е професијата најниска плата е 1500е. па до 6000е. за доктори од типот на нервохирург.
За жал во МК некој не земаат плата ни колку што е социјалното таму (300-400е. на 1 член од семејство)
Цените се минимално поскапи од нашите со исклучок на облеката, лебот, месото, горивото, техничката роба, мебелот и уште некој др. раб. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: satka and Minella

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Па и не сум баш размислувала на оваа тема..но мислам дека би било потешко навикнувањето во нова средина. Нови места, нови луѓе, нов јазик...тешко би било приспособувањето, затоа ако од мал не живееш некаде во странство како голем не ни планирам да одам.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Не знам каква кариера ќе градиш во Македонија, а и кој изградил кариера овде и бил задоволен од тоа? Океј, можеби има и такви, но сепак за успешна кариера јас гледам многу повеќе надвор од Македонија, па и Балканот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Haven