Како се стекнува ''популарност'' преку аск.фм

Статус
Затворена за нови мислења.

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Популарност или не, ми се смачува од ваквите постови што секојдневно ги гледам по ФБ, мене ми треба најмногу за чет, а морам да гледам (сакал или не) како некои се реметат и прават будали од себе. Арно кажа |o$y(|-|0$0(|@l пред некое време дека незнаат да го користат сајтот :)
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Со "бурните" и "исполнети" животи на 15 годишњаците деновиве се надевам дека брзо ќе се измисли некоја нова гласина и дека нема да обрнуваат толку многу внимание на девојчево.

Во најлош период (почеток на училишната година) најде да ја задоволува желбата за внимание и желбата да биде тема на муабети, а со денешнава младина и нивното најомилено хоби, озборување, ќе биде.

И иако пробува пред другите да се покаже како силна личност, се надевам дека ќе може да издржи што ќе следува наредниов период, почнувајќи од непочитувањето од страна на тие што секојдневно ја гледаат, тие што ќе слушнат за неа (а ќе слушнат, видеото е веќе на YouTube и на Facebook), гласините, навредите, лагите. А прилично сум дека и нејзините родители ќе дознаат за ова.

Навистина ми е жал што на 15 години ќе мора со вакви глупости да се соочува, но се има последици.

Најдобро и би било да си ги грабне тие малку што сеуште имаат почит за неа (или евентуално родителите, доколку сеуште можат во очи да ја погледнат) и да се смири малку, бидејќи (поголем дел од) народов со таков менталитет каков што има нема да и олесни многу.
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
За жал нема спас за девојчево :x
Што и да направила,нема потреба за тоа пола држава да знае....мизеријааа!
 

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Секое чудо за три дена, познавајки ја меморијата на нашиот народ не би ме изненадило во блиска иднина да ја прогласат за експерт по сексологија и секој ден да ја гледаме на ТВ. како кажува за нејзините искуства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Факт е дека девојкава не е единствена од ваков тип.
Разликата од другите кои прават или правеле слични и исти работи на свои 15години е што Моника бара внимание.
Ете и го, го доби, нека се сноси со него и последиците.
Јас па незнам што толку ве вчуденевиди и ве остави со отворени усти.
Нејзин си е животот нека си го живее како сака.
Жално е навистина, ама сама одбрала така.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ако ова е стекнување популарност, ондак јас сум, не знам, можеби Џони Деп.
Штета што последните „детски’’ години тинејџериве ги искористуваат вака.
И можеби нејзините родители не знаат, ама не би менувало ништо и да дознаат. Едно дете примарното воспитување го добива токму од нив, а ова што го прочитав покажува колку не успеале тие како родители.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
се согласувам не е сеедно ,али ова е едукација од улица или од дома?!
Можеби на мајка и не би и било сеедно ако дознае ,али може ли да и спречи нешто со сила,ако девојчево нема памет може некој со инка да и стави?! :cenzura
Зарем тебе Јами твоите со инка ти го ставиа паметот?
Не се родивме паметни.
Секако дека се едуцираме и од улица но основата доага од дома.
Ако од дома не се обрне на време внимание,сета едукација ке се сведе на ставање памет со инка но од улица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@
Статус
Затворена за нови мислења.