Како се запознале вашите родители?

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Преку братучетка на татко ми која истовремено се дружела со мајка ми и одма вечерта требало да одат на концерт на Лепа Брена.Татко ми не ги тргнал очите од мајка ми цело време додека траел концертот :) И иако не биле од ист град татко ми секогаш патувал имал време за мајка ми иако работел до касно.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Преку братучетка на татко ми која истовремено се дружела со мајка ми и одма вечерта требало да одат на концерт на Лепа Брена.Татко ми не ги тргнал очите од мајка ми цело време додека траел концертот :) И иако не биле од ист град татко ми секогаш патувал имал време за мајка ми иако работел до касно.
Romantique!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

мимис

Староседелец
12 октомври 2013
29
17
1,003
Не ми се верува како може од љубов на прв поглед да стигне до брак :) .Иначе за моите родители:Не сум ги прашала :D
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Преку колешка од работа, мајка ми била јака женска плава коса сини очи , а овој другиов :D фраер со мустачиња. Излегувале 2 месеци, и ја земал за невестаа. Во брак се 29 години
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Моите се запознале на корзо....Така било во тоа време..Нормално преку друштвото....нема некоја посебна приказна..34 години во брак би биле до сега, да беше тато жив...
 

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
36
Oхрид
Моите се запознале преку слика тоа било љубов на прв поглед. Татко ми бил на гости кај тетка му ,и таму видел слика на мајка ми а тетка му, му е тетка и на мајка ми и така ги запознале и сеуште се заедно :)
 

Katry

Нов член
6 декември 2014
5
9
3
Се запознале кога учеле средно.Заедно биле во исти клас и седеле на иста клупа.
Многу се сакале како што гледав по сликите и од тоа што ми зборуваше мајка ми. И уште си ја имаат онаа младешката љубов. :D
(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991