Во љубовта нема силни/слаби личности, има луѓе кои сакаат. Секој во животот еднаш сака. Џабе некој ми изиграва јак мадафакер кога сите знаеме дека сме слаби на некоја личност. И не е до мозокот, затоа што сите посакуваме свеста понекогаш да ни е пред чувствата, ама како од некој непишан инает, никогаш не е така. Може после n број пати горење од истата личност да не заминеш со него/неа, ама ако го сакаш дека нема тоа да те доболи, мало морген.
И ова сето е еден период. По тој период сме фрагилни, вунерабилни и љубов-паро-мразачи. Ги хејтаме и плукаме сите заљубени, си ветуваме дека уште еднаш нема да се оставиме толку некогаш да засакаме и дека нема да си дозволиме да бидеме скршени уште еднаш. И така оди тоа, првата rebound личност, најчесто останува rebound (освен некаде бидејќи ниедно правило не е без исклучоци), бараме, бараме и сакам да верувам дека на крај доаѓа некоја друга личност и како гром од ведро небо повторно не купува со љубов.
Животот е ролеркостер, токму ова се најтурбулентните искачувања и симнувања. Џабе ви е да си се убедувате дека сте силни, вакви, такви, кога сите сте сакале некого, и сите сте преболувале некогаш.