Се` е до човекот. ИСкрено ако те одбил на фин начин, идеш даље со животот. Сите сме биле повредени. Работата е што понатака. Па рецимо би ги разделил работиве на неколку епохи.
Епоха на исплачување. Го плачеш и се молиш да не е вистина. Ама јбг, вистина е.
Епоха на негирањето. Имаш желба да се вратат стварите како што беа, ама не иде.
Епоха на затворањето на сам/а себе. И покрај тоа што си сам/а не дозволуваш да допре некоја нова личност во душата. Иако веќе имаш сфатено дека многу е тешко да се врати стариот.
Епоха на реализација. Сфаќаш комплетно дека нема никогаш повеќе да го/ја видиш. Со тоа оди и операцијата на барање нов.
Се` ова зависи од личноста колку е силна, вољна да смени во себе. Но факт е дека после еден ваков удар следниот е далеку поподнослив.
И да... враќање кај бивши - едноставно проблеми. Нема напредок во изградување на сам/а себе. А и на личноста и` покажуваш всушност колку с лабилен/на за да он/а го искористи тоа како слабост за манипулација.
Подобро да ми каже дека не може да ми ги возврати чувствата, отколку како што кажа True_Blood после неколку оргазми да ме шутне.
Ми се има случено да ме остават ама после неколку месеци се смиривме. Е тој период на скршено срце, како што велиш ти ми беше од страна гледано, еден од подобрите. Здраво плачење, пумпање со книги, излегување што е можно повеќе тоа е мојата терапија.
Тој период мислам дека станав поблиска со другарките од кога и да е. Многу, многу шетавме. Исто многу зборувавме. Кога не бев со нив пак плачев ама поретко, читав, готвев, чистев ко луда.
Не го земај тоа толку трагично, занимавај се со многу други работи кои ќе ти го одземат вниманието, пример спортувај. Вистинската љубов се појавува кога најмалку ќе очекуваш