Американските и британските се најзастапени, па така највеќе и ги гледам, сакала или не. Но, во последно време ми се допаѓаат и корејски (не зборам само за Скуид Гејм или па к-тин драми), посебно ако се трилер/хорор пошто, исто и ко филмовите, им се ненормално болни и ова го мислам во најпозитивна смисла.
Жанрови не пребирам, нека има од сите, единствено што sci-fi не ми се баш омилени. Зборам за оние екстремно што пробуваат да вметнат рецимо аутистичен Индиец (мора да има диверзитет во секоја серија) со супермоќ да се транспортира и прилагоди било каде во вселената, ама паралелно е и шалтеруш во банка за никој да не се сомнева, па во банката забележува група маскирани марсовци и ги пренесува со трепкање на друга планета, па таму го заробуваат друиди... уствари мојава приказна звучи кул. Би гледала. Накратко - да не пробува да ги вметне сите клишеа од научната фантастика во едно.