Каде бевте излезени последно?

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Вчера вечерта:

Прво бевме во кафе книжарата Магор накратко, кадешто имаше ретро забава (музика од 70. и 80. години) со „хоуммејд“ диџеј, но сосема солиден. Добро беше, пријатна и топла атмосфера, сепак се работи за кафуле од, така, позатворен карактер.

Потоа отидовме на правен факултет, на хуманитарната забава што долго време се најавуваше, со алкохолни пијалоци од 50 денари. За тие пари се точеше пиво (Каменица, солидно беше) и се даваше некое прилично одвратно црвено вино. Останатото си беше по горе-долу стандардни скопски цени. Музиката варираше, па се почна со странски хитови, за потоа да се премине на екс-ју „срце-парајучи“, за на крајот да се измеша со македонски хитови и евергрини, и по некоја странска рок-песна (ако сте биле на свирките на Бени и неговиот бенд во Маракана, знаете отприлика кои песни се вртат :) ). Атмосферата беше добра, и постепено луѓето внатре се размрдаа и разиграа, зашто на почетокот сите беа здрвени и се оставаше впечаток дека секој е дојден да види кој друг и со кого ќе се појави на местото. :)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
А роденден ли беше тоа? Поминувавме оттаму, леле ама фенци беше, па затворено, па бина, па аа-уу... :giggle
Ааа многу беше јако :) боље од диско :rolleyes:
Да бе 6-ти роденден,имаше и на радио реклама :)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
У бајкер паб па у кјуб па у клуб па у тунел па на афтер : )
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
па покрај повеќето места таа вечер и во Миднајт бев..
и веќе не фала....
доста беа два пати за оваа година...па џабе и сепаре и маса и што сакаш имај ужасно е гужва и никаква атмосвера нема....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnaMi

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
беше у недељу па у редкафе на пицу
не е нешто посебно искрено, а и полуладно млака беше кд ни гу донесесфа, сееестру...