Вчера вечерта:
Прво бевме во кафе книжарата Магор накратко, кадешто имаше ретро забава (музика од 70. и 80. години) со „хоуммејд“ диџеј, но сосема солиден. Добро беше, пријатна и топла атмосфера, сепак се работи за кафуле од, така, позатворен карактер.
Потоа отидовме на правен факултет, на хуманитарната забава што долго време се најавуваше, со алкохолни пијалоци од 50 денари. За тие пари се точеше пиво (Каменица, солидно беше) и се даваше некое прилично одвратно црвено вино. Останатото си беше по горе-долу стандардни скопски цени. Музиката варираше, па се почна со странски хитови, за потоа да се премине на екс-ју „срце-парајучи“, за на крајот да се измеша со македонски хитови и евергрини, и по некоја странска рок-песна (ако сте биле на свирките на Бени и неговиот бенд во Маракана, знаете отприлика кои песни се вртат
). Атмосферата беше добра, и постепено луѓето внатре се размрдаа и разиграа, зашто на почетокот сите беа здрвени и се оставаше впечаток дека секој е дојден да види кој друг и со кого ќе се појави на местото.