Ме нервираат луѓе кои не си стојат на зборот. Ако се договориме дека деенска ќе работиме, тогаш денеска нека биде да му се сневиди. Јас бев таа која станав порано од вообичаено, стигнав порано од вообичаено, за некој да ми рече „е не денес, можеби утре или во петок, ама најверојатно во сабота.“
Е ај ако не во недела, пак сега шо да речам?!
Па не висам ко палто на закачалка, за да ме земат кога сакаат...
Не ќе беше проблем ни за сабота, ама да речеа дека сабота ќе снимаме. А не вака!!!
Отидов спремна како што ми рекоа, со научен и извежбан текст до перфекција, ништо друго не чепнав за тоа проклето снимање и сега вака... Не се фер, стварно не се фер!!
Ако вака продолжат ќе останат сами да се снимаат и сами да зборуваат...