Ислам

love !

Староседелец
7 август 2018
156
34
628
Нека верува секој во што сака, ама ова е дефинитивно многу заостаната религија. Највеќе мене што ми пречи е стенкањето на оџата поготово во раните утрински часови...треба да се ограничи звукот само тие да го слушаат, а не цело Скопје да неможе да заспие. Срамота доаѓаат луѓе од страна незнаат дали се во Техеран или во Скопје. почнавме да личиме на либиска џамахирија.
со тоа они провоцираат и сакаат да кажат ова е наша територија, инаку зашто би било толку гласно доволно ќе е само за верниците во џамијата.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
со тоа они провоцираат и сакаат да кажат ова е наша територија, инаку зашто би било толку гласно доволно ќе е само за верниците во џамијата.
Муслиманите имаат многу обреди што се дефинирани од времето во кое настанале и немаат никаква врска со духовност. На пример одењето на аџилак имало правило дека ако верникот треба да помине повеќе километри, можел да го прекине постот. Но денес со авион за неколку часа може да поминеш стотина километри во климатизирана околина, па тоа правило никој не го применува. Слично е и со езанот (повикот на оџата на молитва) Пред повеќе од илјада години, немало баш голем избор како да повикаш голем број луѓе на молитва, но денес има часовници, аларми, потсетници итн, итн. Што значи нема потреба да се будат оние што не се муслимани.
Ова ми наметнува сличен заклучок како и твојот, дека тоа се прави за сосема друга намена која нема врска со повик за молитва.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: love !

Не, не ти е жал, туку нема што да напишеш на темава и вака се самозадоволуваш дека си ми кажал нешто на кое не можам да ја продолжам дискусијата...
Прво се обиде јогата како пракса на истокот да ја насилно стуткаш во корпата „сатанизам“ создадена од проклетите незаситни старо-еонски религии како христијанството и исламот чија најбитна ствар е бројноста на луѓе, сега пак се обидуваш да го жалиш соговорникот :)
Малку си го промашил човекот за жалење :)

Да практикуваш јога ќе знаеше како да зборуваш на овие теми... но ти дури и повикувајќи се на христијанството, по писанијата на форумов, не си ниту христијанин, ниту јогин - само зборуваш прво што ќе ти дојде на умот за теми од кои немаш апсолутно никакво познавање ниту те интересираат...

Зошто си го оптоваруваш умот, кога со јогата може да го олабавиш?
што мислиш за оваа работа ???
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Суфизмот иако во сржта го има исламот - сепак е толку различен, послободен...

„Моето место е да бидам без место, трага ми е да сум без трага.

Ова не е ниту тело ни душа,
оти јас и припаѓам на душата на Љубениот.

Се откажав од двојноста, видов дека и двата света се едно:(2)
само Еден јас барам, само Еден јас знам,
само Еден јас гледам, само Еден повикувам.

Тој е и Првиот и Последниот и Прикажаниот и Скриениот;
јас не знам ништо освен за „ја-ху“ (Него) и за „ја ман ху“ (Тој што е). (3)

Опиен сум со пехарот на љубовта, што ќе ми се два света. (4)"

- Само Еден јас барам... , Руми
 
-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Детска игра

Почуј го Санаи
поетот пустиник: „Не талкај надвор од патот
опиен. Преспиј во меаната.“
Кога пијаниот заталкува на улица,
децата си играат мајтап со него.
Паѓа тој во калта.
Трга насекаде и кадегоде.
Децата го следат
без да го знаат вкусот на виното, без да знаат како
е да си опиен. Сите луѓе на земјава
се деца, освен неколку малубројни.
Никој не е возрасен освен слободните од страсти.

Руми
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
За оние кои не знаат... или се привлечени само кон суфи-поезијата:
кога и да почуствувате симпатии кон суфизмот, кога и да поврзете симболи кои за вас значат нешто трето или петто, не заборавајте:

„ I am the servant of the Qur'an as long as I have life.
I am the dust on the path of Muhammad, the Chosen one.
If anyone quotes anything except this from my sayings,
I am quit of him and outraged by these words.“
- Rumi

Без Куранот, светата книга во исламот, и Муахмед како пророк - суфизмот би бил како празна чаша од која би пробале да изгаснете жед... иако е езотериско учење, многу различно од религијата позната како ислам. :)
Не велам да сте верници, туку да сте го проучувале куранот и исламот за да знаете што е и како е...

Дури и самите суфи-мистици не се многу прифатени во исламот...