Аллах е арапско име за БОГ.
Наше би било БОГ.
Англиско GOD.
Колку за споредба кога некои разкрстуваат различни божества. Имено, во однос на Илсамот, со христијанството и другите религии,мора да напоменам,дека не станува збор за нова, посебна религија,туку како Апдејт, на претходната, според верувањата за испраќањето на божји пратеници на земјата.
Така да, ако Мојсеј бил еврејски пророк, кој ги ставил темелите на монотеизмот во нивната религија - Јудаизмот, Кај христијаните тоа е Исус христос. Евреите не го признаваат Христос, но ги признаваат претходните пратеници, А христијаните ги признаваат сите претходни пратеници + Исус, а не го признаваат Мухамед. Муслиманите, ги признаваат и почитуваат сите претходни пратеници,вклучувајќи го Мухамед, како последен божји пратеник.
Тоа е разликата меѓу поделбите на народот. Сите се молат на исти БОГ, водат (скоро) сличен режим, само се поделени на различни “партии“.
Не можеле да признаат нешто што не било случено. Во време на Мојсеј никој не знаел дека ќе постои Исус и дека ќе дојде нов пратеник па за да го признаат, па така нивното верување не го вклучува и верувањето во Исус како и во Мухамед. Исто како што и Христијанството во своето настанување не можело да предвиди за доаѓањето на пророкот Мухамед па за да го признаат и да веруваат во него. Тоа што исламот е најнова религија, и со тоа што имало во тоа време податоци за постоење на предходните пратеници, затоа ги признава истите.
Сите пратеници се пратени од 1 Бог. Сите проповедале исти работи , исти столбови. Е сега што луѓето ја користат религијата односно ја злоупотребуваат за се поголема поделба помеѓу народите тоа е вина само наша, а не на духовноста и на верата.