Инспиративни приказни

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Некој човек застанал пред една цвеќара за да нарача и испрати цвеќе на својата мајка, одалечена 320 киломитри. Кога излегол од автомобилот приметил едно девојче како плачe и која седела на ивицата на тротоарот. Ја запрашал во што е проблемот, а таа му одговорила: „Сакав да купам црвена ружа за мајка ми, ама немам доволно пари." Човекот се насмевнал и кажал: „Дојди, ќе купиме ружа за твојата мајка." Нарачал цвеќе за својата мајка и и купил ружа на девојчето. На излегувањето од цвеќарата се понудил да ја однеси до нејзината мајка. Девојчето кажало: „Прифаќам, ако можете. Земете ме." Потоа го однесла до гробиштата каде ја положила ружата на свежиот гроб. Човекот се вратил во цвеќарата, ја отповикал испораката, го зел цвеќето кое го платил и се одвезол 320 километри до куќата на својата мајка.:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Надежта умира последна



20111222-nadez.jpeg


Четири свеќи полека гореле. Во тишината се слушал нивниот разговор.

Првата свеќа рекла:„Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат ... нема потреба да горам понатака ... мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила.

Втората свеќа рекла:„Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам ... нема смисла да горам понатаму ...“ Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила.

Третата свеќа жално проговорила:„Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила ... луѓето често забораваат на мене ... “ и истиот момент се угасила.

По кратко време во собата влегло дете:
„Што е ова ... “? запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче.

Тогаш се огласила четвртата свеќа:
„Не плаши се ... додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи ... јас сум НАДЕЖ“.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
За оној кој сака,може да биде и инспиративна,па дури и поучна.
Обично не ги сакам,,приказните,,околу истражувањата,но ова ми се допадна.

ИСКЛУЧИТЕЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ ....
Двајца психијатриски специјалисти пред околу 10 години направиле едно истражување од које поставиле една многу интересна теорија:која вака гласи ;"Незнаењето наспроти вистинското знаење ја зголемува довербата кај поединецот." И поаѓајќи од ова направиле истражување. После одредени применети испитувања во полето на физиологијата и психата беа
пронајдени следните резултати:
· Безличните/неуките неможат да приметат во која мерка и колку се неуки или колку незнаат.
Безличните-науките имаат тенденции кон величење на своите особини/знаења.
· Безличните-неуките оскудни се и во забележувањето на особините и знаењата на паметните/мудрите луѓе.
· Ако нивните особини односно знаења после одредено образование им се зголеми истите безлични-неуки почнуваат да ги приметуваат своите недостатоци. Беше спроведени тестирање помеѓу студентите во Cornell Универзитетот и одма после тестот беше посавено класичното прашање "Како помина?" на које беше одговорено и резултатите беа следни...Тие што не одговориле на дури 10 % од прашањата кај нив “самодовербата” беше забалажително висока ! ! !. Тие мислеа дека имат одговорено на "60 % " од тестот ;дури ако биле во форма верувале дека можат и 70 % од прашањата да одговорат ".
Тие студенти кои дале точни одговори на 90 % од прашањата биле “најскромни” а претпоставувале дека одговориле точно на 70 % од прашањата.Сите овие резултати беа собрани беше напишан синдромот на Dunning-Kruger :тие што од срце верувале дека се “многу добри во својата работа” ‘недоволните-науките’ особи не одстапуваат од постојаното самосебе величање , фалење на себе си и на работите кој што они ги прават, при секоја работа ниту во еден момент не се премислуваат да се стават на прв ред, на преден план и не чувствуваат никаква нелагодност да претендираат за работни обврски кој неможат да ги извршат ! Напротив мислат дека сите работи се нивно полно право!

Меѓутоа оваа ‘безличност и себе непознавање’ од аспект на работната кариера кај нив се претвара во ненормална движечка сила и моќ. Недостатоците од аспект на кареирата се претвара во позитивни работи и на крај , ‘Некомпететните, амбициозните’ секогаш секаде многу побргу напредуваат ………За ова време вистинските луѓе со знаења, компететните , талентираните и способните во работниот век поради ‘претераната скромоност' неможат да пробијат во преден план, не претендираат за повисоки функции од који каде они се наоѓаат, чекаат да другите ги приметат нивните вредности.... и секакко при ваквото чекање бидуваат и повредени, и се повлекуваат уште повеќе во себе....

И згора на тоа тие и од своите претпоставени се оптужуваат дека се ‘индолетни и неамбициозни’ ..."Ве молиме немојте да бидете прескромни !..."И вие погледенете околу вас" и сигурен сум дека при читањето на овие редици дека низ вашата глава се поминати стотици имиња и стотици лица...По мене Dunning и Kruger,во 2000 година место Нобеловата освојувањето Иг Нобеловата награда на Харвардскиот Универзитет беше од причина што они не беа "неуки-неспособни".Јас наградата на моето срце имја подарувам на оваа двојка и моето пишување сакам да го завршам со зборовите на Bertrand Russel:“Проблемот на светот е, додека паметните се постојано под некојe сомневање, глупите дрско веруваат во себе."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Беше еден човек кој му прекипело од све во животот и си рекол да си го одземе животот, скокај чи од мост. Кога стигнал до мостот одоздола го видел еден рибар. Рибарот го викнал да се симне долу, но овој одбивал му кажал дека повеќе неможе да издржи. Рибарот повторно му рекол симнисе имам нешто да ти дадам и конечно човекот прифатил и се симнал. Кога се симнал рибаро извадил едно стуткано ливче од џебот и му го подал, му кажал појди дома и отвори го. Но човекот го прашал што е ова, рибарот на ова му одговорил не прашувај и оди. Човекот заминал накај дома и кога стигнал го отворил стутканото ливче на кое пишувало: "НЕМА ДА Е СЕКОГАШ ВАКА !". Човекот се прибрал со мислите и продолжил понатака. По извено време стекнал многу пари, богатство, имот...Но еден ден се подзамислил и му текнало на рибарот кој му го дал ливчето и си рекол да го посети. Човекот го видел рибарот и му рекол јас сум господине, му се заблагодарил и му рекол дека стекнал многу пари и богатство и дека може да му купи чамец, да не се мачи повеќе да лови риби и убава куќа да му купи, рибарот му рекол оди дома момче, смири се, седни и прочита ја пораката. Изгледа одамана не си ја прочитал !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana, Jesus and Lillian

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА СВЕЌА

Ме палите и ја гледате мојата светлина...
Се радувате на јаснотијата и топлината која ја дарувам...
Се веселам што смеам да горам за ВАС...
...Да не е така, би лежела во некоја кутија без корист, а смислата ја добивам баш по тоа што горам...
Но, добро знам, што повеќе горам, тоа пократка станувам, повеќе се ближам кон својот крај.-
Изгоре !!! Ќе кажете, а она што останува го фрлате...
Знам, за мене постојат само две можности: Или да останам во кутија, во темнина, или со горење да постанам кратка, да дадам се што имам во корист на светлината, а со тоа да се доведам самата себе до крајот.
Сепак, УБАВО Е АКО ИМАМ ШТО ДА ДАДАМ...
- ГЛЕДАЈТЕ !!! Истото се случува и со ВАС, ЛУЃЕТО...
Или се повлекувате, останувате сами за себе и се е студено, празно и темно, или се зближувате со другите и им дарувате од својата ЉУБОВ и ТОПЛИНА, и тогаш ВАШИОТ ЖИВОТ добива смисла...
Но, знаете и тоа дека за ова, мора да дадете нешто и од ВАС самите... Нешто од Вашата радост, од Вашата срдечност, од Вашата смеа... Можеби нешто и од Вашата тага... И не треба плашливо да размислувате за тоа, како ќе се сочувате самите себе...
Само оние кои другите ги веселат, стануваат многу повесели, само оној кој е светло за другите и самиот ќе прими светло... Што повеќе горите за другите, толку посветло ќе биде за ВАС...
Многу луѓе само затоа се тмурни и нерасположени, плашливи и затворени, бидејќи се плашат да бидат ТУКА за другите!.. ТИЕ не го разбрале најважното: ЕДНО ЕДИНСТВЕНО СВЕТЛО КОЕ ГОРИ, Е ПОДОБРО ОД ЦЕЛАТА ТЕМНИНА НА СВЕТОТ
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мудар водач !
Во текот на целиот наш живот во нас живеат два човека .Еден од нив е егото кавгаџиско, наложувачко хистерично, сметаџиско , вториот е скриено духовно битие, чиј тивок глас на мудроста ретко го слушаме и ретко водиме сметка за него. Кога ќе почнеме да го слушаме се буди и засилува нашиот внатрешен глас и почнуваме да ја разликуваме својата исконска природа од гласните и лажливи гласови на егото.
Почнуваме да го откриваме во себе сопствениот мудар водач, кој не познава во целост и може да ни помогне . Тој секогаш знае што е за нас најдобро и ни помага да излеземе на крај со својата опседнатост,со навикнатите реакции и збунетите конфузни чувства. Колку повеќе го слушаме толку полесно ќе ни биде да го измениме своето негативно расположение, да го прозреме па дури и да се насмееме на апсурдните драми и комични привиди. Ќе откриеме дека сме способни се повеќе и побрзо да се ослободиме од мрачните емоции што владееле со нас во нашиот живот, а тоа е најчудесната од сите способности. Кога нашиот идентитет ќе почне да закрепнува, ќе сватиме дека закачувањето за себе е корен на сето наше страдање и ќе сватиме дека најблагородно и најмудро е да се грижиме за другите место за себе. Тоа ќе ни го зацели срцето ,умот и духот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mspasenoski

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Кога Далај Лама бил запрашан што најмногу го изненадува во врска со човештвото тој одговорил:
„Човекот. Бидејќи тој го жртвува своето здравје за да заработи пари. Потоа ги жртвува парите за да си го врати здравјето. И на крајот толку многу се грижи за иднината што воопшто не ужива во сегашноста. Заради тоа тој не живее ни во сегашноста, ни во иднината, живее како никогаш да нема да умре, за на крај да умре никогаш вистински не живеејќи“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and mspasenoski

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Си бил еден рибар и додека ловел риби во меѓувреме уловил и златна рипка. Но како што е редот, рипката му кажала дека ќе му исполни 3 желби, рибарот малце се подзамислил и 2 желби и кажал на рипката, а 3-тата била да ја улови пак рипката. Утредена кога ловел пак си ја уловил рипката и 2-те желби и ги кажал а 3-тата била пак да ја улови рипката. Така таа му стана роб на човекот, а за нас останатите нема златна рипка .;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
НЕ заборавај да бидеш среќен

Бавно умира тој што не патува,
тој што не чита,
тој што не слуша музика,
тој што не наоѓа задоволство во себе.

Бавно умира тој што ја уништува сопствената љубов,
тој што не прифаќа помош.

Бавно умира тој што станува роб на навиките,
поставувајќи си секој ден исти ограничувања,
тој што не ја менува рутината,
тој што не се осмелува да се облече во нова боја,
и што не зборува со оние што не ги познава.

Бавно умира,
тој што бега од страста,
и од нејзината топла емоција,
онаа што дава сјај во очите
и напуштените срца.

Бавно умира
тој што не го менува животот кога не е задоволен со
својата работа или својата љубов,
тој што не сака да се откаже од својата сигурност заради
несигурноста,
и што не оди по своите соништа,
тој којшто нема да си дозволи,
ниту еднаш во животот,
да побегне од смислените совети.

Живеј денес!
Ризикувај денес!
Направи денес!

Не дозволувај бавно умирање!
Не заборавај да бидеш среќен!

~ Пабло Неруда
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Клучот кој води до небесното царство


Кога бил создаден светот,луѓето сеуште живееле кај богот во рајот.
Бог сакал ама да ги прати на земјата која ја створил екстра за нив.
Заедно со ангелите размислувал:
Што можеме да направиме за луѓето да не сакаат да доаѓаат нон-стоп кај нас на небото?
Треба да научат да живеат таму каде што припаѓаат.
Главниот ангел Габриел рекол:
Мора да го заклучиме небото.
И каде ќе го сокриеме клучот?
прашал некој друг ангел.
Мора да го сокриеме на некое место на кое луѓето нема никогаш да го најдат.
Ангелот Михаел имал идеја клучот да го сокријат во длабочините на морето,но бог одговорил:
Ги познавам луѓето,ќе го најдат таму.
Еден друг ангел предложил:
Тогаш да го сокриеме клучот на врвот на највисоката планина.
Драгиот бог одговорил:
И таму ќе го најдат луѓето.
Некој паметен ангел рекол:
Да го сокриеме клучот во вселената.
Бог одговорил:И таму ќе го најдат.
На крајот повторно се јавил Габриел.
Сега знам рекол,ќе го сокриеме клучот од небесното царство во срцето на човекот.
Драгиот бог се согласил.
Во вселената,на врвот на највисоката планина или во длабочините на морето ќе го најдат клучот побрзо,отколку да погледнат во своето срце,но кога ќе го најдат смеат и да го користат.