Инсел!

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да пренесам од блогот една интересна тема :

После прилично долга пауза на светската секташка сцена се појави нова, пост-модерна секта која има страшен потенцијал да се запише со крваво-црвени букви на матно-белата книга на секташката историја.

Оваа секта е толку постмодерна што нема ниту име, едноставно нејзините членови се самоидентификуваат како Инсел (од англиското Involuntary celibate, недобровоелен целибат). Не можам да се снајдам во именувањето на множина од Инсел, дали е тоа Инсели, Инселани :D , Инселаши? Кое и да е е неважно, а важното е што оваа секта засега се протега скоро само низ Северноамериканскиот континент и постои точно три децении.

Главната појдовна точка на членството е што се работи за готово исклучиво машка секта (малиот женски удел де нарекува Фемсел) и што членството воопшто нема сексуални односи со особи од спротивниот пол. Немањето секс е резултат на нивната психофизичка одбивност, агресивност и сомнителна лична хигиена, но тие не сметаат дека тоа е одговорот, напротив!
Со неприфаќањето на реалноста започнува и rationale-то на сектата, нејзината главна доктрина, а тоа е дека сите бели машки особи почнувајќи од одредена возраст (тинејџерство) имаат однекаде дадено право на секс со убави припаднички на понежниот пол. Од каде го влечат тоа право е нејасно, не се повикуваат на некое божанство ниту на некаква традиција, само знаат дека такво право имаат и дека тоа право им го ускратуваат медиумите, феминизмот, општеството и т.н. Алфа-мажјаци, непостоечки конструкт кој доживеа популарност поради Јутјуб. Тие мажјаци ги нарекувале Чед (Chad), американско машко име, а женките кои ги пенетрираат Чедовците ги нарекувале Стејси (Stacy) американско женско име !?

Бесот према медиумите, феминизмот, "алфа-мажјаците" и општеството оваа секта го канализирала преку интернетски војни низ социјални мрежи и форуми (Редит, Форчан, Најнгег и остали збиралишта на раја), но неодамнешното убиство на некоја си Бјанка Девинс, убава 17-годишна девојка со Инстаграмски аспирации во Јули 2019-та од страна на Инселот под име Брендон Кларк повторно го сврте вниманието врз десетиците ако не и стотици лешеви кои оваа секта ги остави до денес зад себе и стотиците кои ќе ги остави низ годиниве што следат. Кларк ја искасапил Бјанка и се обидел да ја декапитира при шо не успеал, а неговото лузерство кулминирало со неуспешниот обид за суицид, за жал бил спасен од брзата помош.
Немајќи централизирана хиерархија, немајќи лидери и гуруа, не оставајќи можност за интервенција на органите за ред и мир како кога би се пресметувале со класична секта - ја прави оваа секта сериозно опасна и болесна појава. А припадници има многу, секако над милион лица ако не и двојно по толку.

Најбизарно е што овие забегани лица, без разлика на нивниот сопствен изглед, привлечност, харизма, тежина (телесна, не општествена), карактер or lack there of, сметаат дека имаат неотуѓиво право на секс со женски лица кои според нивната скала на убавина се од 8 до 10. Оние од 0-8 не ги тангираат, можеби понекоја седумка, ако е баш нивни тип.
Како мислат дека привлечните жени сексуално ќе се возбудат кога ќе ги забележат инселашите е нејасно, но ете едноставно мора така да биде бидејќи Инселите така замислиле дека треба да биде. Shit so sweet.

Што мислите за оваа нова појава на декадентниот запад која полека но сигурно си наоѓа членови и кај нас.
Имаше случај на раскин на врска меѓу другар и другарка пошто другаров забега со западњачки теории на заговор дека жените биле зли и почна да го фаќа параноја дека женска му го вара (а немаше ништо од тоа) па чак и ја рашамарал неколку пати и после раскин. Еден од луѓето кои ме имаат крајно разочарано е тој сега бивш другар, моментален Инсел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Првпат се запознав со терминов кога едно психо бате стана славно бидејќи уби неколку души, па се самоуби поради тоа што беше инцел. Нормално, перфектно спаѓаше во гореопишаното.
Светот им е крив, светот им должи, секоја жена е к***а, а секое машко што допрело женско е стока која не го заслужила тоа. „Добрите“ момци страдаат и преземаат очајни чекори како небањање, имање аниме девојка (бонус ако ја испринта на јастук/чаршав), вреѓање на сиот останат свет и општо мизерување.
Секако, за некои е жално да се каже дека се сосема исти ко погорниве бидејќи има луѓе кои се со нарушено ментално здравје и/или прениска самодоверба, а кои сепак не сметаат дека секое човечко суштество на планетава им е криво, па нив не би ги ставила во ист кош.
Другово... бебе Исус и Богоројца напомош.
Еве го психото што го спомнав прво. Не можев да го најдам оригиналното видео од неговиот канал, најверојатно е избришано, а стоеше до пред некое време, но и оваа кратка репортажа е доволна.
 
Елиот Роџер е Месијата на инселантвото, најголемиот маченик за каузата :D
Инаку прв масовен убиец-инсел е извесен Марк Лепен од Квебек, Канада кој отепал 14 студентки и ранил 17 во крвав поход со пушка низ Монтреалскиот факултет во 1989. Снемувајќи муниција се самоубил. Месеци и месеци пред походот замарал луѓе со тоа како феминизмот ќе го уништи светот, како жените треба да се научат на памет, како мора да направи нешто и слично, но никој не го сфаќал за сериозно?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Бидејќи се работи за сериозно опасна секта која некако низ годиниве проаѓа под радарот на медиумите, интересно би било да се запознаеме што да очекуваме и кај нас за некое време.
Барем до нападот со комбе во Торонто преклани коа некој инсел уби 10 лица и повреди 20+ медиумите не знаеа за инселаштво, а и по тој напад секое чудо за три дена па се заборави и тоа.

Да се надоврзам од блогот...
Чудно е како одредени злодела остануваат на маргините на злосторничкиот летопис, без разлика на бројот на жртви и начинот на извршување, а други, многу "полесни" дела добиваат широк медиумски простор и преку тоа пат кон меморијата на рајата.
Така и масакрот во Килин, Тексас, САД, во Октомври 1991 бил брзо заборавен, недостоен за нешто повеќе од траумата на најблиските на жртвите. А тие биле - 53, поприлична цифра и за цели 21 повеќе од испадот на Лепен во Канада две години пред тоа.

Извесен инселанец - Џорџ Хенард, десничар, расист, праф маш, женомрзец, невработен, со долгови кои му виселе над душата, разјадуван од својата обичност, слабо приметуван од особите од спротивен пол, слабиот одзив на роденденските покани претходниот ден поради неговиот 35-ти роденден, се одлучил на трајно решение - убистен поход. Уживател на марихуана и алкохол, овој сосема обичен лик со ништо не отскокнувал од White trash поднебјето кое му било судбина. Освен секако, инселанството и социопатијата.
Како повремен стокер (Stalker) и чест говорник против жените, овој екс-профи-војник и екс-трговски морнар како да бил предодрен да ја подели судбината на други 52 лица на тој кобен ден.

Судбинскиот ден, Џорџ влетал со Пикап возило низ големиот стаклен излог на локалното кафуле "Либи" и излегол од него извикувајќи нешто дека сите жени се змии и дека ќе видат кој е тој !
Вооружен со Глок-17 и Ругер П-89, обата пиштоли со шаржери од по 15 куршуми, настрана резервните шаржери кои инселот ги имал, започнало пукање по све женско низ кафиќот.
Иако настрадале и мажи, Џорџ свесно одбегнувал да ги убива освен ако не се обидувале да побегнат.

По пристигањето на локалната полиција, инселашот започнал престрелка со нив, полесно ранувајќи двајца од нив, но затоа тој бил два пати погоден од полициски куршуми во стомакот.
Повлекувајќи се кон ќенефот, свесен дека му останале уште неколку куршуми а болките почнувале да му го земаат и она малку мозок - решил истиот да го разнесе со еден погодок...
И така, со делови од череп и мозок разнесени низ ѓеризот - завршиле петте минути на првиот Американски масовен убица - инселист.
23 мртви во кафиќот од кои 14 жени (сите присутни во тој момент во кафиќот), 29 ранети и едно самоубиство или вкупно 53 жртви бил билансот на овој масакр, втор извршен од инселист.

Вебот бил само една година стар, и немало твитер подршка од страна на милион инсели, но ликови кои мразат жени можеле во весници да прочитаат подетално околу случајот и да се препознаат себеси во овој манијак, небитниот, досаден и обичен Џорџ Хенард.

А небитноста, досадата и обичноста се карактеристиките кои според инселите би требало да им обезбедат секс со убави жени. Би требало да имаат секс со убави жени само затоа што - постојат ?!
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Што се не се движи по планетава. Добро од каде тоа пореметување во мозокот го добиваат. Гените ли се проблем за сите овие "страсти" или околината, недостатокот на внимание, љубовта од родителите?
И не само оваа секта, народот во глобала има доста доста чудни навики и желби. Не можеме сите да бидеме исти нели, ама да размислуваш за убијства, за масакри, за измачување, за тоа како сите се против тебе, мислам дека станува збор за психичко пореметување кај тие личности.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Meanwhile, инселизмот веќе го премина Атлантикот и прогодно се вгнезди во Британското пристаниште Портсмут, каде што Инселаш-Геронтофил (Геронтофилија е сексуална возбуда кон стари лица) се обидел да измасакрира три женски лица...
Некаков си Бен Мојнихан, 17-годишен средношколец, опседнат со читање материјал за сериски убијци и опседнат со тоа да ја загуби невиноста пред 18 по секоја цена, па макар и смрт, пристапил кон три женски особи, на 20, 46 и 67 години, но од сите бил грубо одбиен кога споменал секс.
Еве како овој дебил кој делува како да излегол од србијански дизелашки филм од 90-те, со обавезниот златни ланац имал да каже :

"When hot women won’t talk to you, it’s heartbreaking, why are they fussy with men nowadays? I think every girl is a type of slut. They do not give boys like us a chance."
Тоа во Бен предизвикало жестока и неповратна омраза кон све женско па така во Јули 2014-та Бен се латио чакије не затоа што така сакал ами затоа што манијакално строгите закони за оружје во Британија ги заменија традиционалните двоцецни сачмарки и револвери со ножеви, секири и сатари при извршувањето на крвни деликти.

Уфилман, дури праќал и писма дразнејќи ја полицијата.

1234.jpg

Кој Морон. Не само што сакал да копа женски очи, сакал и да им сече месо од телото.
Трите жени биле сталкани некои месец дена пред Бен да удри, да почне да касапи, да коле.
Но, за среќа неговата некадарност била таква да во сите три случаи на освета не успеал да погоди со ножот ниту еден витален орган, иако нанел тешки повреди, жените за среќа не само што преживеале туку се на нога ден денес.
И така господинот Мојнихан, кој сега има чак 22 години ќе ја чека 2035-та година за да се пријави за помилување, бидејќи е осуден на 30 години од кои 21 година без можност за тоа.

Невиноста веројатно му ја има одземено некој Јарди црнец под туш :D На извртен начин успеал во замисленото.
 
Последна промена:

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Meanwhile, инселизмот веќе го премина Атлантикот и прогодно се вгнезди во Британското пристаниште Портсмут, каде што Инселаш-Геронтофил (Геронтофилија е сексуална возбуда кон стари лица) се обидел да измасакрира три женски лица...
Некаков си Бен Мојнихан, 17-годишен средношколец, опседнат со читање материјал за сериски убијци и опседнат со тоа да ја загуби невиноста пред 18 по секоја цена, па макар и смрт, пристапил кон три женски особи, на 20, 46 и 67 години, но од сите бил грубо одбиен кога споменал секс.
Еве како овој дебил кој делува како да излегол од србијански дизелашки филм од 90-те, со обавезниот златни ланац имал да каже :

Тоа во Бен предизвикало жестока и неповратна омраза кон све женско па така во Јули 2014-та Бен се латио чакије не затоа што така сакал ами затоа што манијакално строгите закони за оружје во Британија ги заменија традиционалните двоцецни сачмарки и револвери со ножеви, секири и сатари при извршувањето на крвни деликти.

Уфилман, дури праќал и писма дразнејќи ја полицијата.

1234.jpg

Кој Морон. Не само што сакал да копа женски очи, сакал и да им сече месо од телото.
Трите жени биле сталкани некои месец дена пред Бен да удри, да почне да касапи, да коле.
Но, за среќа неговата некадарност била таква да во сите три случаи на освета не успеал да погоди со ножот ниту еден витален орган, иако нанел тешки повреди, жените за среќа не само што преживеале туку се на нога ден денес.
И така господинот Мојнихан, кој сега има чак 22 години ќе ја чека 2035-та година за да се пријави за помилување, бидејќи е осуден на 30 години од кои 21 година без можност за тоа.

Невиноста веројатно му ја има одземено некој Јарди црнец под туш :D На извртен начин успеал во замисленото.
Па ова е навистина ненормално. Уште и му дале опција за помилување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Во склоп на темава, ми излезе постов. Женава го копирала статусот откај ќерка ѝ.
Не знам дали типот трола или не, но знаејќи дека кај нас прави мажи размислуваат вака, па и не ми е толку далечно, што знам...
That being said, преминати се и навака, односно отсекогаш ги имало, само сега имаат храброст да се погласни и уште повеќе без срам.Screenshot_2020-11-05-22-13-22-200_com.facebook.katana.jpgScreenshot_2020-11-05-22-13-34-962_com.facebook.katana.jpg
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во склоп на темава, ми излезе постов. Женава го копирала статусот откај ќерка ѝ.
Не знам дали типот трола или не, но знаејќи дека кај нас прави мажи размислуваат вака, па и не ми е толку далечно, што знам...
That being said, преминати се и навака, односно отсекогаш ги имало, само сега имаат храброст да се погласни и уште повеќе без срам.Отвори ја прикачената датотека 34566Отвори ја прикачената датотека 34567

Има и една друга категорија т.н. "players" кои "учат" да заведуваат жени преку клипови на некакви западни ретарди со обавезни женомрзачки глупости и готови рецепти за постанување инстант заводник, а тие не се тролови туку сериозно трубат мудрости, туѓ срам ме јаде коа изгледав неколку имаше еден црнец као шмекер со совет ако женска имала и најмала тетоважа тогаш е ор****ја и ќе ја легнеш без проблем, значи мажите треба да бараат тетовирани женски за сексови без обавези :D (shake)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Има и една друга категорија т.н. "players" кои "учат" да заведуваат жени преку клипови на некакви западни ретарди со обавезни женомрзачки глупости и готови рецепти за постанување инстант заводник, а тие не се тролови туку сериозно трубат мудрости, туѓ срам ме јаде коа изгледав неколку имаше еден црнец као шмекер со совет ако женска имала и најмала тетоважа тогаш е ор****ја и ќе ја легнеш без проблем, значи мажите треба да бараат тетовирани женски за сексови без обавези :D (shake)
Знам. За жал знам и за нив.
Среќа не ги открив директно туку преку видеа што зборуваа за таков тип мажи. Мислам, имам сретнато слики со цитати, демек они се лајф коуч, демек лавот не спие, туку лови тип на цитати и не знам што, но целосните „учења“ ги сретнав преку commentary видеа на ЈуТуб, кои, секако, немаа да кажат ништо позитивно за нив.
За мене и тие се инцели, кои некако, еднаш и по грешка излегле од тој свет, па ги удрил адреналинот дека се неодоливи и неповторливи. Не може некој да ме убеди дека некој што излегол на состанок повеќе од еднаш, е во состојба да ги прави тие „поучни“ видеа. :x(worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider