Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Типката се вика Valentina Contreras, не знам ништо за неа, ја најдов на flickr, но премногу ми се допаѓаат нејзините цртежи, има толку убав стил и магична креативност.
dholl
Го најдов онака случајно пред 5-6 години листајќи по DeviantArt... љубов на прв поглед ми беа делата. Уште ја разгледувам галеријата и уште го имам тоа чувство како прв пат да ги гледам сликите. Кој сака нека повели. http://dholl.deviantart.com/gallery/
Hiroshi Yoshida, еден од најпознатите јапонски уметници, најпознат по неговите пејсажи и принтови на дрво. Интересното кај него ми е што покрај тоа што има, на некој начин традиционални јапонски мотиви во делата, што и се очекува, има дела со светски познати атракции како кањонот во Америка или Алпите, кои се изведени во тој негов типичен јапонски стил.
James R. Eads, го пратам на Тамблр и му се восхитувам на талентот. Гледам на некои страни го напишале и ко Ван Гог на модерново време.
Rightfully so, боиве и темиве му се да си приумреш од убавини.
Си мислам ко да го имам (или некој друг) прикачено порано, ама не најдов ништо...