Ееех...
Мислам имаше ваква тема и дека и таму имавме расправано.
Нејсе, нема некоја филозофија. Еднаш кога ќе помине периодот на тинејџерство и занесеност, се губи таа поделба на лоши, вакви и онакви. Секако, секогаш ќе ги има исклучоците што созреале побрзо и оние што доцнат со зреењето, па и на 30+ се акаат по
бед бојс, нали.
Девојченца (и оние што размислуваат ко такви) се палат по т.н. лоши момци пошто гледале премногу романтични комедии каде Џејсон е опаки момак, ама ја среќава случајно мирната бубалица Луси, и потоа магично се преобразува за неа. Па затоа и овие си летаат во облаци дека од некој таков мочко ќе направат принц на бел коњ. Мхм, дрим он.
Е сега...дефинирајте ми што е лошо момче, еве нека е на 15-20 години? Што? Не си легнува пред полноќ?
Пуши дури три цигари на ден и можеби го дува чурот во послабите? Намигнува и се пекмези на секоја втора цура? Не знам...носи жишка патика и качкет наопаку на час, а воедно не го занима наставата и се расправа со професори? Се слика со подзамижани очи и подотворена уста ко да не кењал пет недели, па сега го фатило блажено стање?
Деликвентите се лоши/проблематични, погорново е поим за пицопевац.
Е, сеа...може до 101 да расправаме таквите со какви се привлекуваат и зошто, ама друга тема е веќе тоа.