Толку многу сакам фудбал, со толку жар го гледам секој натпревар на мојот тим и толку многу навивам што за секој пораз срцево ми плаче и речиси секогаш кога сакам да зборувам со некое машко на тема фудбал секогаш добивам повратен одговор дека за фудбал не се збори со женски и дека тоа машките најмногу го мразат... сакам да знам зошто ? Неупатеноста на женските неможе да ја наведете за причина зошто лично јас сум многу повеќе упатена и од некои машки ))
Ја несакам да зборам пред се заради неупатеност а и чудно ми е да се расправам со девојче за фудбал..едноставно чудно е мислам дека друга посебна причина нема..
И мене тоа најмногу ме нервира!!! Као демек ако сме женски не се разбираме во фудбал. А еве конкретен пример дека понекогаш може да биде и спротивно: Пишувам на YT коментар за утакмицава со Tottenham: "Play Ferreira instead of Bosingwa!" и еден идиот ми враќа: "No way, play Bertrand!" (Фановите на Челси ќе ме сфатат, a за другите да појаснам: Bosingwa & Ferreira се десни бекови, Bertrand е лев.)
Тоа е веќе дискриминација :Р чудно било со девојче... и после тие како мене патат зошто другарките несакаат да слушнат за фудбал а на другарите или дечкото им е чудно... ццц
епа еве затоа на форумов си имаш доста теми за фудбал а и можеш да си отвориш твој теми и да ја задоволиш твојата желба за фудбалско дискутирање
Абе види, машките тоа си го сметаат за свое поле, како што женските ја сметаме шминката и дотерувањето. Има едноставно некои кои не се разбираат толку, па не се впуштаат во разговор, за женско да не им го скрши егото на нивно поле. Е сега, на нив им е подеднакво чудно да зборуваат за фудбал со женско, како што би им било чудно женското да почне да им расправа за сукњи, штикли, шминка и 300 нијанси на бои кои за нив се исти. А да бидам реална, не сум еве некој експерт за спорт, зборувам колку што знам, ама има и женски што навистина се фанатици и пратат се’, па толку напнуваат и кењаат да си го покажат знаењето, што за било кого ќе е иритирачко. Тоа ти е исто ко сега мене да фати машко да ми расправа „Ова е рубин црвена, ова е корална, ова е цреша боја, на зелени пантолони ќе ти одговара ваква крем боја, очите нагласи ги со оваква маскара...“ Море ај.
хахахха не не, англиско првенство не следам толку често, ако треба ептен да одберам тогаш јунајдет заради Ван дер Сар иако се пензионираше или Челзи заради Мурињо и заради најдобриот другар. п.с Незнаеш како ќе навивам за Челзи во среда : ))) ептен сакам да ја победат Барса : )