Зошто машките мразат да зборуваат со женските на тема фудбал?

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Толку многу сакам фудбал, со толку жар го гледам секој натпревар на мојот тим и толку многу навивам што за секој пораз срцево ми плаче и речиси секогаш кога сакам да зборувам со некое машко на тема фудбал секогаш добивам повратен одговор дека за фудбал не се збори со женски и дека тоа машките најмногу го мразат... сакам да знам зошто ? :)
Неупатеноста на женските неможе да ја наведете за причина зошто лично јас сум многу повеќе упатена и од некои машки :)))
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
И мене тоа најмногу ме нервира!!! Као демек ако сме женски не се разбираме во фудбал. А еве конкретен пример дека понекогаш може да биде и спротивно: Пишувам на YT коментар за утакмицава со Tottenham: "Play Ferreira instead of Bosingwa!" и еден идиот ми враќа: "No way, play Bertrand!" (Фановите на Челси ќе ме сфатат, a за другите да појаснам: Bosingwa & Ferreira се десни бекови, Bertrand е лев.) :banghead
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ја несакам да зборам пред се заради неупатеност а и чудно ми е да се расправам со девојче за фудбал..едноставно чудно е мислам дека друга посебна причина нема..
Тоа е веќе дискриминација :Р чудно било со девојче... и после тие како мене патат зошто другарките несакаат да слушнат за фудбал а на другарите или дечкото им е чудно... ццц
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Dee Dee

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,635
113
Македонија
епа еве затоа на форумов си имаш доста теми за фудбал а и можеш да си отвориш твој теми и да ја задоволиш твојата желба за фудбалско дискутирање :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Dee Dee

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Марија, ако ми речеш сеа уште дека за Јунајтед навиваш, јас се откажувам од муабетов. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Абе види, машките тоа си го сметаат за свое поле, како што женските ја сметаме шминката и дотерувањето. Има едноставно некои кои не се разбираат толку, па не се впуштаат во разговор, за женско да не им го скрши егото на нивно поле.
Е сега, на нив им е подеднакво чудно да зборуваат за фудбал со женско, како што би им било чудно женското да почне да им расправа за сукњи, штикли, шминка и 300 нијанси на бои кои за нив се исти.
А да бидам реална, не сум еве некој експерт за спорт, зборувам колку што знам, ама има и женски што навистина се фанатици и пратат се’, па толку напнуваат и кењаат да си го покажат знаењето, што за било кого ќе е иритирачко.
Тоа ти е исто ко сега мене да фати машко да ми расправа „Ова е рубин црвена, ова е корална, ова е цреша боја, на зелени пантолони ќе ти одговара ваква крем боја, очите нагласи ги со оваква маскара...“ Море ај.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Марија, ако ми речеш сеа уште дека за Јунајтед навиваш, јас се откажувам од муабетов. :D
хахахха не не, англиско првенство не следам толку често, ако треба ептен да одберам тогаш јунајдет заради Ван дер Сар иако се пензионираше или Челзи заради Мурињо и заради најдобриот другар.
п.с Незнаеш како ќе навивам за Челзи во среда : ))) ептен сакам да ја победат Барса : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee