Зошто депилацијата на интимните делови е опасна?

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
За време на депилацијата можете да ја оштетите кожата, вели Гобсон и напоменува дека не е важно за каков вид депилација станува збор – сите се штетни.

Ким Кардашијан практикува ласерска депилација, Кејт Винслет восочна, а Џенифер Лав Хјуит се депилира со шеќерна паста. Иако денес депилацијата на гениталиите најчесто се практикува од хигиенски причини, др. Емили Гибсон вели дека депилацијата на препоните всушност е многу опасна.

„Отстранувањето на влакната од гениталиите го зголемува ризикот од инфекција, но и половите преносливи болести“, тврди др. Гибсон. Таа објаснува дека хирурзите веќе одамна сфатиле дека депилацијата на гениталиите нема никаква корист. Всушност, при различни операции влакната се отстрануваат со цел да се спречи инфекција, но се случува сосем спротивното.

„Свежо депилираните гениталии се најосетливи и често се случува да се појави херпес, но и други проблеми.“

Гипсон сака да ја предупреди јавноста дека овие влакна имаат заштитна улога и дека треба да останат онаму каде им е место. Но, тоа сигурно нема да се случи во блиска иднина, зашто депилацијата стана навика и начин за одржување на личната хигиена.
 
Последна промена од модератор:

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Па порано јака женска да се има, значело што повлакнеста тоа подобра (така викаше дедо ми)
Не сме ние криви што сега фотошопот ги измазнува моделите, актерите и другите јавни личности до тој степен што кожата им изгледа помазна и од газе на бебе. И нормално мажите гледаат како тоа демек треба да изгледа а исто и ние жените, па затоа ги вадиме влакната зошто поинаку би било срамота. Сега здравјето не е на прво место, туку само изгледот. А внатре што се случува со организмот додека ние се стремиме да изгледаме роботско неприродни , ќе се покаже кога тогаш, па после ќе се жалиме леле болести, инфекции на секоја страна. Од едно седење на столица во кафиќ можеме комотно да фатиме триста бактерии. Не сме свесни дека тие влакна се тука поради некоја причина, барем по биологија некогаш тоа и го учевме. Џабе ова го знам и го зборувам кога вчера се вратив од бразилска депилација со шеќерна паста која ја практикувам еве веќе 5 години наназад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slatki4ka and Scars

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А вие „ај лајк ит тасма“ господо демек до еден си ја пасете тревата околу сурлата па уште ваква, онаква ќе бирале. |-(
Оно јес дека си е убаво да си си среден и хигиенски си е, ама да не се јебосуваме, со загореноста што ја гледам, и Ева од рајска градина да се спушти сета природна, јебо има да ја напрчи па ич око нема да му трепне.

Ако ми фуфка од инфекција, ќе си купам свој восок за еднократна употреба, ќе ме тасмосаат со него и крај.
Само уште една „научниците велат“ статија. Инфекции, хигиена дрн дрн.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Е ај ако не да оставиме шуми и прашуми да никнуваат, па можда тоа поздраво, похигиенски е...? А?
Баш ме интересира дали научниците кои ова го изјавиле преферираат девојки на кои буквално влакно не им фали?!(think)