1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Зошто депилацијата на интимните делови е опасна?

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Scars, 8 август 2012.

  1. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    За време на депилацијата можете да ја оштетите кожата, вели Гобсон и напоменува дека не е важно за каков вид депилација станува збор – сите се штетни.

    Ким Кардашијан практикува ласерска депилација, Кејт Винслет восочна, а Џенифер Лав Хјуит се депилира со шеќерна паста. Иако денес депилацијата на гениталиите најчесто се практикува од хигиенски причини, др. Емили Гибсон вели дека депилацијата на препоните всушност е многу опасна.

    „Отстранувањето на влакната од гениталиите го зголемува ризикот од инфекција, но и половите преносливи болести“, тврди др. Гибсон. Таа објаснува дека хирурзите веќе одамна сфатиле дека депилацијата на гениталиите нема никаква корист. Всушност, при различни операции влакната се отстрануваат со цел да се спречи инфекција, но се случува сосем спротивното.

    „Свежо депилираните гениталии се најосетливи и често се случува да се појави херпес, но и други проблеми.“

    Гипсон сака да ја предупреди јавноста дека овие влакна имаат заштитна улога и дека треба да останат онаму каде им е место. Но, тоа сигурно нема да се случи во блиска иднина, зашто депилацијата стана навика и начин за одржување на личната хигиена.
     
    #1 Scars, 8 август 2012
    Последна промена од модератор: 5 август 2015
  2. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,576
    Зошто недепилацијата на интимните делови е опасна за врската?

    :^)
     
  3. Mystique

    Mystique Староседелец

    Зачленет на:
    18 јуни 2012
    Мислења:
    753
    Допаѓања:
    1,411
    Па порано јака женска да се има, значело што повлакнеста тоа подобра (така викаше дедо ми)
    Не сме ние криви што сега фотошопот ги измазнува моделите, актерите и другите јавни личности до тој степен што кожата им изгледа помазна и од газе на бебе. И нормално мажите гледаат како тоа демек треба да изгледа а исто и ние жените, па затоа ги вадиме влакната зошто поинаку би било срамота. Сега здравјето не е на прво место, туку само изгледот. А внатре што се случува со организмот додека ние се стремиме да изгледаме роботско неприродни , ќе се покаже кога тогаш, па после ќе се жалиме леле болести, инфекции на секоја страна. Од едно седење на столица во кафиќ можеме комотно да фатиме триста бактерии. Не сме свесни дека тие влакна се тука поради некоја причина, барем по биологија некогаш тоа и го учевме. Џабе ова го знам и го зборувам кога вчера се вратив од бразилска депилација со шеќерна паста која ја практикувам еве веќе 5 години наназад.
     
    На Slatki4ka и Scars им се допаѓа ова.
  4. близнак

    близнак Староседелец

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    306
    Можеби е опасна, ама да ми се појавит некоја со амазонска џунгла.. јас би бегал!
     
    На Slatki4ka, emzzy, Marchisio и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. m.o.p.

    m.o.p. Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    221
    Podobro mazno ne koga ke se soblece Liljaci da mi letaat niz soba
     
    На Slatki4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Недај боже некоја недепилирана да ми се падне.....би бегал и трчал ко Усеин Болт.
     
    На Hkakashi и Bum-Bum им се допаѓа ова.
  7. Andrea Bloodbucket

    Andrea Bloodbucket Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    280
    Допаѓања:
    328
    Не го сметам тоа за опасно, напротив баш е хигиенски.
     
    На avon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    тасма, поубо е и за очи, хигиена :pusi :p
     
  9. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    6,664
    А вие „ај лајк ит тасма“ господо демек до еден си ја пасете тревата околу сурлата па уште ваква, онаква ќе бирале. |-(
    Оно јес дека си е убаво да си си среден и хигиенски си е, ама да не се јебосуваме, со загореноста што ја гледам, и Ева од рајска градина да се спушти сета природна, јебо има да ја напрчи па ич око нема да му трепне.

    Ако ми фуфка од инфекција, ќе си купам свој восок за еднократна употреба, ќе ме тасмосаат со него и крај.
    Само уште една „научниците велат“ статија. Инфекции, хигиена дрн дрн.
     
    На Mila Kunis, melpomena, $3Я3|\||)&p&†Y и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Е ај ако не да оставиме шуми и прашуми да никнуваат, па можда тоа поздраво, похигиенски е...? А?
    Баш ме интересира дали научниците кои ова го изјавиле преферираат девојки на кои буквално влакно не им фали?!(think)
     

Сподели: