Зошто денешните бракови се осудени на пропаст?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Има уште некои работи, најважно е земањето на партнерот здраво за готово, entitlement и егоизам, луѓе се предаваат на мисли дека им следи другата страна, дека треба да биде тука за нив безусловно со самото тоа што постојат и што ја удостоиле со пажња, макар била и минимална. Ужасни грешки родени од мизерното ниво на себепознавање на рајата, и кај мажи и кај жени е истото во овој поглед, нема разлика.
Колку мажи после извесно време се понашаат рамнодушно при средба со жената која наводно им е љубов, која им значи нешто, барем декларативно.......а на терен радио-тишина.

Јас пошто си се допаѓам сам на себе :franticсекогаш сум бил радосен кога сум знаел дека жената ме сака, дека изразува љубов кон мене, на дело и вербално, сум пиел, имам пробано дроги, легални и нелегални, иам скокано на голови во финале, имам заработувано многу и сето тоа.............но ништо, ама баш ништо не може да се спореди со филингот кога знаев дека мојата вереница ме сака, сјајот во очите кога ме гледа, понекоја солза кога емоциите ја надвладуваа бидејќи таа немаше доживеано ништосо тој интензитет до тогаш.

Да имаш реално, возрасно човечко битие на доброволно располагање....не сфаќам како раја зема здраво за готово.
За мене тоа беше извор на највисока почит што постои. Еејј........женскава ме сака мене, баш мене и само мене, како бре да не го поштоваш тоа до небо и назад, како?
Како да не направиш све што можеш па и повеќе од тоа за да ја видиш среќна, насмеана, задоволна и задоволена?

Друг кикс е што луѓе се сексаат на анимален начин, на почеток на врска понекогаш и повеќе од еднаш дневно што е пат за пропаст. После се чудат како по некој месец темпото паднало, да не зборуваме за понекоја година, или во брак кога жената е бремена па деца, па промени кај неа во тежина, стрии, вени и сето тоа.
Повторно немаме самосвест во ситуцијава.
Да се навратам на омилениот пример од мојот живот, пошто 8 години криев од секого, од моите, од брат ми од родбина, од пријатели од познаници од било кој.........ама последниве година и пол не можам повеќе па се расприкажав за тој фамозен меѓучовечки и меѓуполов Монт Еверест на кој суверено се искачија нашите души, мојата и нејзината, во таа магла кај амфитеатарот, во сите можни ситуации.
Сеа ок, ќе досадувам по форумов на оваа за мене крајно болна и крајно омилена тема ама што да правам не знам...
Ако некој некогаш читне нешто може да научи добри ствари, бесплатно, од искуство.
Да сакаш е феноменално, но да се биде сакан на дело е нешто нестварно добро, да има на располагање мозаик на една човечка душа составен од сите искуства низ животот, позитивни и негативни, мали и големи, значајни и на прв поглед незначајни.

Среќна околност, која за жал не е случај кај повеќето е тоа што имавме релативно низок секс драјв, здраво но прилично споро либидо.
И така свесно одлагавме секс по 10-15-20 дена за кое време желбата, сексуалната енергија и страста се гомилаа и после две недели тоа екслодираше во чиста, неразблажена страст, буквално ни доаѓаше да се "изедеме" еден со друг :D Понекогаш тоа беше силом прилика при географска оддалеченост пошто така налагаше ситуација ама без разлика, страста беше таква да скоро имаше физичка еманација, како трет ентитет.............

За прв пат мојата најубава црвенокоса во нејзиниот живот се осеќаше удобно во свое тело, потполно задоволна со тоа како изгледа, ми "крадеше" една маица од Селтик, резервна црно-жолта која и беше преголема па скоро до натколеница :D и онака бевме 30цм разлика во висина, и ја носеше пост-секс кога истуширани седевме буквално голи летно време само со по една маица на себе и онака беше 40+ а внатре и повеќе. Колку само и беше убаво, импровизиравме секакви допири, пуштавме по една песна јас една таа, спремавме јадење или миевме садови или метевме или чистевме така полуголи и црвени во образите како основци кои штотуку биле затекнатии како се бакнуваат со симпатијата.
Би сакал да постои Рај во универзумот, а знам дека е возможен и на овој свет, со сосема реални личности, во сосема банални ситуации, во секојдневие, во живот, во страст и во љубов.

Еднаш дебилните газди од станот кој бевме под кирија се појавија ненајавени па отклучиле со клуч нивни па си се пуштиле внатре ничим изазвани и ненајавени и не фатија на дело, да им се најебам све живо и мртво, кој примитивизам......ама да не расипувам спомен со северно фиромски сељачини.

Зошто и како на луѓево им е досадно во врска или брак не знам. Рамнодушноста и земањето здраво за готово се најголеми непријатели на здрава, прекрасна, страсна врска.

Извинете за рантовите ама морам некаде да напишам за ова, макар и на овој слабо посетувам форум, пошто ИРЛ никој не сака да знае :(
Кој не сакал и не бил сакан вистински, никогаш нема да знае...
Кој не ја искусил љубовта во платонска и во телесна форма, поим нема од љубов...
А знаеш зошто им е досадно? Пак ќе речам зашто не се сакаат...
Со саканиот и тишината е пријатна, и досадното ти е интересно, што и да правиш сакаш да си со таа личност...
Ама, дефинитвно не се сите создадени за љубов...
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Бракот како институција е одамна застарен модел на една заедница која не функционира во сегашноста, не е во состојба да го прати трендот на новите времиња. Нема соодветен апдејт за да се изгради на едно повисоко ниво кое ќе биде одржливо и прифатливо за иднината. Потомството како едно од главните приоритети на бракот нема суштина, согласно новата технологија, која таа го овозможува и без него. Хедонизмот и материјализмот го имаат најголемиот замав изминативе две до три децении, независноста на половите секако и сето тоа доведува до пропаѓање, распад, девастација на тоа што можеме да го декларираме веќе како поим од некое време на маите. Бракот подразбира разбирање, поддршка, сочувство, блискост, планирање, интимност, но во правецот на човештвото во кое сега се движи, тоа се само искривени знаци на патот, на кои никој не им придава важност. Затоа живејте внимателно и паметно, целта е во вашите раце и нозе, но и во вашето срце кое знае да престане да го отчукува вашето постоење. Она вистинското, безвременото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and escape

Sasho

Истакнат Член
12 ноември 2020
43
14
108
42
Ете мојот беше осуден на пропаст пошто таа немаше почит према мене да ми каже во лице дека сака со други да оди ама и одговараше зад грб.Немање почит и немање доверба и џабе ти е љубов што имав за неа кога умре после стореното. Не се простува некои работи само дека постои љубов и многу наивно ви е вистинско сакање дека победува се. Ќе дадев душа за неа али ете сега само да ја плукнам на улица.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ете мојот беше осуден на пропаст пошто таа немаше почит према мене да ми каже во лице дека сака со други да оди ама и одговараше зад грб.Немање почит и немање доверба и џабе ти е љубов што имав за неа кога умре после стореното. Не се простува некои работи само дека постои љубов и многу наивно ви е вистинско сакање дека победува се. Ќе дадев душа за неа али ете сега само да ја плукнам на улица.
Види, жал ми е што ти пропаднал бракот...
Ама едно е сигурно, ти си имал љубов за неа, ама не и таа за тебе, за жал...
Ако те сакала вистински немало да има потреба да оди со други, ако те сакала немало да теповредува, така да...
И точно е да, дека иако сакаш некого, неко работи не можат ни да се простат, ни да се заборават...
Ама, јас на тие работи пак сакам да гледам позитивно...Подобор што таквиот брак завршил, се` друго е измачување, особено за оној што искрено сака...
Ти ќе си дадел душа за неа, ама не и таа за тебе... Тука е разликата...
Взаемната љубов е сосема друга димензија и приказна....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ете мојот беше осуден на пропаст пошто таа немаше почит према мене да ми каже во лице дека сака со други да оди ама и одговараше зад грб.Немање почит и немање доверба и џабе ти е љубов што имав за неа кога умре после стореното. Не се простува некои работи само дека постои љубов и многу наивно ви е вистинско сакање дека победува се. Ќе дадев душа за неа али ете сега само да ја плукнам на улица.

Изневерувањето е максимално дно, животинска ствар, демек не се може да се одоли на нагон, причам ти причу.
Толку не знаат луѓе, раскини или прекини, објасни зошто, own the damn thing и терај понатаму, а вака раја сакаат да имаат предностите на моногамна врска ама да постои тортата и да ја јадат истовремено, т.е. да се сексаат тајно.
Не е наивно, љубовта може да направи чуда, само ако обете страни се отворени.

И јас ќе бев женет сега ама тоа ќе значеше влечење на мојата најголема љубов низ синдромскиот пекол со години и години.....а цело семејство и родбина собирале пари и земале кредит само за таа да заврши, не можев да допуштам последна година пред стажирање да ја викам да дојде во град каде не познава никој, да седи уз синдромаш кој не може да стапне пошто се насобрал гној па мора пункција...........и кажав дека премногу ја сакам за да ја осудам од 24-5 години да се заглави со синдромаш кој нема никаква иднина пред себе, со смешни и нередовни приходи, со нула помош од системот. Не можев.......не смеев едноставно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Zatoa sto partnerite se sebichni I otkako ke se ozenat Ili omazat eden Ili obajcata se zatvorat vo sebe na prviot predizvik od zivotot I brakot stanuva arena na dve zivotni koi se borat do smrt.
Ljubovta se pretvora vo sebichnost zasto ne gi podeluvaat obvrskite, tuku eden vlece.Eden od niv ja prevzema ulogata na dete a ne sfaka deka zenata ne mu e majka I kako majka mu ke mu dozvoli da se ponasa kako mu dojde.
Ednostavno razmazeni se I mazite I zenite bez chuvstvo na odgovornost.
Ili zenata so godini si zema gotveni ruceci od majka I , zasto mnogu bila umorna I ne mozela da gotvi, majkai pere , cisti kaj kerkata za da ne I se machi princezata. Deca po gradinki I babi, roditeli po shvaleracija .
 
  • Ми се допаѓа
  • Haha
Реакции: kockakockica@ and Outrider

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338
Изневерувањето е максимално дно, животинска ствар, демек не се може да се одоли на нагон, причам ти причу.
Толку не знаат луѓе, раскини или прекини, објасни зошто, own the damn thing и терај понатаму, а вака раја сакаат да имаат предностите на моногамна врска ама да постои тортата и да ја јадат истовремено, т.е. да се сексаат тајно.
Не е наивно, љубовта може да направи чуда, само ако обете страни се отворени.

И јас ќе бев женет сега ама тоа ќе значеше влечење на мојата најголема љубов низ синдромскиот пекол со години и години.....а цело семејство и родбина собирале пари и земале кредит само за таа да заврши, не можев да допуштам последна година пред стажирање да ја викам да дојде во град каде не познава никој, да седи уз синдромаш кој не може да стапне пошто се насобрал гној па мора пункција...........и кажав дека премногу ја сакам за да ја осудам од 24-5 години да се заглави со синдромаш кој нема никаква иднина пред себе, со смешни и нередовни приходи, со нула помош од системот. Не можев.......не смеев едноставно.
Koja glupost ..
 

kokolo

Нов член
12 јули 2022
11
3
3
43
Браковите се распаѓаат бидејќи мажите не се мажи во права смисла на зборот, а жените не знаат каде побрзо да ја кренат сукњата, и се е тоа така добро поврзано, што незнаеш што побрзо е по виновно...
 

kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
107
51
338
Браковите се распаѓаат бидејќи мажите не се мажи во права смисла на зборот, а жените не знаат каде побрзо да ја кренат сукњата, и се е тоа така добро поврзано, што незнаеш што побрзо е по виновно...
Mazite si se pravi mazi, zagleduvaat pod sekoja suknja sto ke im se krene pred oci, no toa ne e pricina za golemiot broj na razvodi.
 

kokolo

Нов член
12 јули 2022
11
3
3
43
Mazite si se pravi mazi, zagleduvaat pod sekoja suknja sto ke im se krene pred oci, no toa ne e pricina za golemiot broj na razvodi.
Вака сега. Зрел маж и зрела жена си се доволни сами на себе... немаат потреба да се шараат лево десно. Зрелоста е во прашање, не друго. бракот, семејството не се социјална игрица на ФБ. ако веќе влегуваш во тоа треба да се вложиш 110% тоа семејство да те надживее еден ден.
А ако мажето е зелено и недозреано, а момето незнае каде и долниот веш... нека не стапуваат во брак, да страдаат деца и поколенија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape