Зошто денешните бракови се осудени на пропаст?

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Отвори ја прикачената датотека 34750
Пошто братов сите жени ги собра, се мислам кога ли мене ќе ми дојде редот. Hide yo kids, hide yo wives...

Е сега озбилно, луѓето се третирани ко предмети - полесно е да го замениш човека со нов отколку да се потрудиш да задржиш некого и да се поправат работите. Тука е и пребрзото стапување во брак пошто немој да останам сам/а, па не се гледа никаква компатибилност, туку ај, да се дешава нешто, па си играле децата и направиле бебе, немој да пукне срамот, а еве некои бракот го гледаат и ко натпревар. :D
Од друга страна пак, луѓето денес се послободни да не трпат испади и малтретирање од брачниот партнер само за да не биде „што ќе кажат другите“ или од страв дека ќе нема каде да одат и дека нема да си ги видат децата. Не е дека порано не посакувале разводи, ама општеството така налагало и тоа се затскривало зад „стравопочит“.
Кој чека дочекува, затоа он по година дена држи, за да има време за сите. :D
 
  • Haha
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Кој чека дочекува, затоа он по година дена држи, за да има време за сите. :D
Ха, и тоа што викаш. Може треба да се запишам на waiting list, којзнае уште колку има резервирано веќе за наредна година.
 
  • Haha
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ха, и тоа што викаш. Може треба да се запишам на waiting list, којзнае уште колку има резервирано веќе за наредна година.
хаха запиши си се, ништо не се знае може и преку ред да отидеш. :D
Шала на страна, ама навистина руши рекорди со браковите, како ли воопшто му се трошат толку пари за свадби и разводи. :D
 
  • Haha
Реакции: Electra

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
71
318
Мислам дека нема некоја голема разлика во успешноста на денешните бракови и оние од минатото. Единствена разлика е тоа што денес луѓето не се срамат да се разведат, доколку бракот не функционира и не избираат да останат во бракот и да трпат и да бидат несреќни. Порано од тоа срамота е што ќе речат комшиите и греота е поради децата, останувале во нефункционални бракови и трпеле разни срања низ годините.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Мислам дека нема некоја голема разлика во успешноста на денешните бракови и оние од минатото. Единствена разлика е тоа што денес луѓето не се срамат да се разведат, доколку бракот не функционира и не избираат да останат во бракот и да трпат и да бидат несреќни. Порано од тоа срамота е што ќе речат комшиите и греота е поради децата, останувале во нефункционални бракови и трпеле разни срања низ годините.
Кратко речено модерното време ни го одврза јазикот. :)
Иначе се согласувам со тебе.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Додуша денес е и многу лесно да „заведеш“ некого преку нет и да одржуваш флертови, романси, што и да се, што секако според мене се скоро па превари бидејќи најверојатно само физичката дистанца ги спречува, а и да не, сепак е емоционална превара. Социјалниве мрежи огромен удел играат кај навидум зрели луѓе и даваат елан на потпросечни заводници/чки да хараат со само неколку клика.
Со такви секако не треба ни да се стапи во брак, ама еве баш генерацииве што се венчале пред социјални мрежи, па сега ги тепа втор пубертер, се најстрашни. Таква неебица и туѓ срам да те јаде кога ги гледаш, немам видено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Осудени на пропаст се само оние бракови во кои не постои љубов...
Ниту ја имало кога стапиле во брак, ниту ќе ја има во иднина...
Љубовта е и двигател и амортизер за се` што се случува во еден брак...
Ако постои љубов, може да се надмине се`...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Денес е најтешко од било кога евер да се оствари и одржи квалитетна врска и брак.
Никогаш немало толку искушенија, толкав морално-етички пад, толкава хиперсексуализираност насекаде.

Љубовта јас ја дефинирам како проекција на сопственото мислење за себеси врз друга човечка особа.
И како што човек пожелува све најдобро за себеси, истото го проектира и на субјектот на својата љубов. Баланс. Нема тука забегување или исчезнување или потиснување на сопствената личност чисто колку да се одржи врска поради икс причини.
Раја кои се мразат себеси свесно или потсвесно, си наоѓаат маани во ум и тело цело време, нема да бидат во можност да сакаат некој друг. Едноставно е. И потврдено низ искуство, еднаш со буквално кажување што е проблемот.

Но има една ствар која е прилично значајна а која е табу, а тоа е дека луѓето кои се....глупи, приглупи и досадњикави не можат да сакаат. Зошто е тоа така е долга и широка ама глупак или глупача се робови на нагон и на некоја искривена преценета слика за себеси, сосема нереална и тупава.
Не мора да значи дека се лоши луѓе, но едноставно не знаат како да сакаат.

Љубовта е можеби највисокиот дострел кој Хомо-сапиенс-сапиенс го створил во меѓучовечките односи.
Но и покрај уверувањата во спротивно од страна на филмска и музичка индустрија, реалноста е дека далеку од тоа дека сите луѓе можат да изразат љубов или да доживеат такво нешто.
Би се изненадил ако реалната цифра е 5% од рајата.

За долга врска и брак мора да има нешто повеќе. Пример маса раја очекува да биде забављана или занимана од другата страна, не сфаќајќи дека самите тие се сморови. Особено ако се има некој атрибут над просек ауу...
Јас кога планирав да се женам, во тие периоди знаевме и обичен список на лифче хартија за купување намирници и тоалетна хартија да го направиме интересен. Таа ја сакаше мојата квази-британска смисла за хумор и често "ме провоцираше" да дадам некоја изјава во таа смисла :)
Ако измамев барем три насмевки дневно од неа, тоа за мене беше доволно да сметам дека денот бил прекрасен.
До ден денес ми се ежи кожа кога ќе помислам.
Ако некогаш се најдете во позиција да одвај чекате да станете наутро и секојдневието ви е убаво, не се мислете два пати туку стапете во брак. Пошто животот е тешка превара и знае да направи крајно ужасни и трагични ствари.
Најчесто нема да имате втора шанса.

П.С.
Едноставен пример, се мислевме што за ручек, банална ствар ама немавме којзнае што во фрижидер, не од немање средства него ето, се десило па што сега... имаше една конзерва туна па на крај испадна одлично :)
Пченкарен леб, мајонез чисто колку за арома, туна, ситно исецкан кромид, неколку зачини.........и мене ми изгледаше дека нешто фали па ми текна дека тоа е магданос и фино лепо како што таа го лупеше и миеше кромидот а јас го сецкав така и со магдоносот па на крај испаднаа најубави сендвичи, уз чај од камилица или што и да беше. Цело време си правевме шеги на своја сметка, таа како е ситна и ниска и тежи помалку од вреќа пиперки а има апетит како за градежњак, јас правев шеги нешто околу социјален статус со тоа конзервата празна мафтав нешто и така......................кога љубовта е активна никогаш не може да биде досадно. Како што мене не ми е никогаш досадно колку и да сум сам, така правам да не е досадно и на особата која ја сакам, ништо комплицирано, само една убава проекција, една душа за друга (inlove)
 
Последна промена:

Поубаво не можеше да кажеш...
И баш е така...
Некои луѓе едноставно не знаат и не умеат да сакаат... Можда се пораснати во таква средина, можда ете таков им е е менталниот склоп...
Едноставно не умеат, го немаат тоа нешто во нив...
Човек или сака или воопшто не сака...Или има душа или е површен и блед лик...
Мислам дека да набљудуваш мали дечиња како се однесуваат меѓусебно, одма ќе увидиш кое какво е и со какво срце е, ако се деца, едноставно се гледа, барем тој што умее да види...
Зашто човек што не знае да сака и љуби, не може да препознае љубов..
А, и не можеш да им се лутиш на таквите, едноставно се такви...
Оној кој сака искрено, доволни му се мали нешта за да биде среќен и исполнет...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Има уште некои работи, најважно е земањето на партнерот здраво за готово, entitlement и егоизам, луѓе се предаваат на мисли дека им следи другата страна, дека треба да биде тука за нив безусловно со самото тоа што постојат и што ја удостоиле со пажња, макар била и минимална. Ужасни грешки родени од мизерното ниво на себепознавање на рајата, и кај мажи и кај жени е истото во овој поглед, нема разлика.
Колку мажи после извесно време се понашаат рамнодушно при средба со жената која наводно им е љубов, која им значи нешто, барем декларативно.......а на терен радио-тишина.

Јас пошто си се допаѓам сам на себе :franticсекогаш сум бил радосен кога сум знаел дека жената ме сака, дека изразува љубов кон мене, на дело и вербално, сум пиел, имам пробано дроги, легални и нелегални, иам скокано на голови во финале, имам заработувано многу и сето тоа.............но ништо, ама баш ништо не може да се спореди со филингот кога знаев дека мојата вереница ме сака, сјајот во очите кога ме гледа, понекоја солза кога емоциите ја надвладуваа бидејќи таа немаше доживеано ништосо тој интензитет до тогаш.

Да имаш реално, возрасно човечко битие на доброволно располагање....не сфаќам како раја зема здраво за готово.
За мене тоа беше извор на највисока почит што постои. Еејј........женскава ме сака мене, баш мене и само мене, како бре да не го поштоваш тоа до небо и назад, како?
Како да не направиш све што можеш па и повеќе од тоа за да ја видиш среќна, насмеана, задоволна и задоволена?

Друг кикс е што луѓе се сексаат на анимален начин, на почеток на врска понекогаш и повеќе од еднаш дневно што е пат за пропаст. После се чудат како по некој месец темпото паднало, да не зборуваме за понекоја година, или во брак кога жената е бремена па деца, па промени кај неа во тежина, стрии, вени и сето тоа.
Повторно немаме самосвест во ситуцијава.
Да се навратам на омилениот пример од мојот живот, пошто 8 години криев од секого, од моите, од брат ми од родбина, од пријатели од познаници од било кој.........ама последниве година и пол не можам повеќе па се расприкажав за тој фамозен меѓучовечки и меѓуполов Монт Еверест на кој суверено се искачија нашите души, мојата и нејзината, во таа магла кај амфитеатарот, во сите можни ситуации.
Сеа ок, ќе досадувам по форумов на оваа за мене крајно болна и крајно омилена тема ама што да правам не знам...
Ако некој некогаш читне нешто може да научи добри ствари, бесплатно, од искуство.
Да сакаш е феноменално, но да се биде сакан на дело е нешто нестварно добро, да има на располагање мозаик на една човечка душа составен од сите искуства низ животот, позитивни и негативни, мали и големи, значајни и на прв поглед незначајни.

Среќна околност, која за жал не е случај кај повеќето е тоа што имавме релативно низок секс драјв, здраво но прилично споро либидо.
И така свесно одлагавме секс по 10-15-20 дена за кое време желбата, сексуалната енергија и страста се гомилаа и после две недели тоа екслодираше во чиста, неразблажена страст, буквално ни доаѓаше да се "изедеме" еден со друг :D Понекогаш тоа беше силом прилика при географска оддалеченост пошто така налагаше ситуација ама без разлика, страста беше таква да скоро имаше физичка еманација, како трет ентитет.............

За прв пат мојата најубава црвенокоса во нејзиниот живот се осеќаше удобно во свое тело, потполно задоволна со тоа како изгледа, ми "крадеше" една маица од Селтик, резервна црно-жолта која и беше преголема па скоро до натколеница :D и онака бевме 30цм разлика во висина, и ја носеше пост-секс кога истуширани седевме буквално голи летно време само со по една маица на себе и онака беше 40+ а внатре и повеќе. Колку само и беше убаво, импровизиравме секакви допири, пуштавме по една песна јас една таа, спремавме јадење или миевме садови или метевме или чистевме така полуголи и црвени во образите како основци кои штотуку биле затекнатии како се бакнуваат со симпатијата.
Би сакал да постои Рај во универзумот, а знам дека е возможен и на овој свет, со сосема реални личности, во сосема банални ситуации, во секојдневие, во живот, во страст и во љубов.

Еднаш дебилните газди од станот кој бевме под кирија се појавија ненајавени па отклучиле со клуч нивни па си се пуштиле внатре ничим изазвани и ненајавени и не фатија на дело, да им се најебам све живо и мртво, кој примитивизам......ама да не расипувам спомен со северно фиромски сељачини.

Зошто и како на луѓево им е досадно во врска или брак не знам. Рамнодушноста и земањето здраво за готово се најголеми непријатели на здрава, прекрасна, страсна врска.

Извинете за рантовите ама морам некаде да напишам за ова, макар и на овој слабо посетувам форум, пошто ИРЛ никој не сака да знае :(
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape