Зошто денешните бракови се осудени на пропаст?

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Живееме во општество каде сите глумат дека се зафатени, кои со работа, кои со патување, но едно се знае, а тоа е дека на сите им недостига љубов.
Во последно време едно од најчесто поставуваните прашања кон мене е кога јас ќе стапам во брак, зошто годините поминувале, а требало порано да се раѓаат деца.
Запрепастена од лицата кои ми поставуваат вакви прашања, а самите разведини или оставени со сопрузите решив да го поставам следното прашање. Што мислите вие зошто денешните бракови се осудени на пропаст ?
Ме плаши помислата дека некогаш би се разведила, па си викам можеби е подобро човек никогаш да не стапи во брак. Во времето на баба ми и дедо ми никој не се разведувал, па пак луѓето работеле и имале многу повеќе пари од колку сега. Што не е во ред со мојата генерација и тие после деведесеттите.
Своеволно стапуваат луѓето во брак, но зошто тоа трагично да заврши ? Зарем не се трудат луѓето да го задржат партнерот ? Јас имам погрешна претстава за брачен живот, што ли е ?
Примери има премногу и познавам премногу разделени и разведини другарки. Една па ми вика дека немало шанси поврторно да си ја бара среќата со некој нов, зошто има дете и вика дека немало никој да ја сака заради тоа.

Ако сте расположени за дебатирање и муабет слободно коментирајте (star).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and escape

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Можда сакаат да пробаат како би им било.Се оставаат затоа што не се знаат карактерно доволно добро.Пред стапување во брак,едниот од партнерите го крие вистинското лице.Второ,и родителите се мешаат и не го прифаќаат туѓото дете.Поради глупавите сваќања,дека треба и мора да се живее со родители и некои други работи,има и помалку бракови.Во ниедна друга земја не постојат тие работи.Детето живее настрана од 18/19 години.Кај нас мамини миленичиња,ги прават да се слаби карактери-ова повеќе е за машките.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Дојде време кога почнаа на прсти да се бројат браковите кои се склучуваат од љубов и секоја чест за нив.
Дојде и време кога се бираат партнерите од интерес или некои други причини.
А има и такви времиња каде што околината, роднините па и комшиите (во некои екстремно тешки случаи) влијаат врз стапувањето во брак.
И од сето ова едноставно невозмозжно е еден таков брак склучен под некои такви околности да преживее повеќе од неколку години.
Како што кажа и @bliznaci не се знаат карактерно доволно што исто придонесува за пропаѓање на бракот. А многу и се менуваат после бракот најчесто во негативна смисла што исто така знае да придонесе за пропаѓање на бракот.

Во суштина и да пропадне бракот не е крај на светот но ете за да не дојде до тоа најдобро решение е одреден период да живеат заедно (дали ќе се верени или не сеедно) за да можат да видат дали ќе можат заедно да функционираат, да видат исто така влијанието на нивните родители колку би влијаело врз нивниот живот или обратно колку они би биле зависни од нив и после сето тоа да направат едно сумо сумаро и да одлучат дали се за брак или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
И начинот на воспитувањето на машкото влијае врз бракот/врската.Погрешно е мислењето дека машкото не треба да помага во домашните обврски.Значи дека треба да ги дигне нозете и да гледа како сум се задишала и изморила од работа?Исто сум уморна како него,и ја ќе сум на работа до 16/17 саат.И жените учествуваат во општествените работи.Има и примери каде што жената е и маж и жена истовремено,а е во брак,и после некој ќе каже дека машките се подобри од жените.Да им се плукнам на таквите разбирања за работите.
 

ile.jovanovski19

Истакнат Член
26 јуни 2017
15
2
103
28
Затоа што денеска деца (21-23год) се женат и мажат и мислат дека се престарени. После децата деца ќе направат и проблемите се уште посериозни.

Sent from my 5010X using Tapatalk
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Затоа што мажите не знаат да праат ладно нес од КАМ затоа се осудени на пропаст.

Јер мушкарци су буздовани бре, све пролупано, тамо неки сатанисти праве митинге, наркомани, жене камењарке :kafe
555-333 позовеш брата, ујака, роџаке бам бам и све то под мач бато готова прича...

Има што да се напише на темава, ќе напишам после :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Порано мислев дека 9 од 10 врски, бракови и полуврски се осудени на пропаст но сега мислам дека тоа се 99 од 100.
Прво, раја не знае што сака. Тоа не е којзнае колку тешко, да се дознае што се сака, но ете, раја е хедикепирана и ментално инертна и тоа е тоа.
Друго, раја се подаде на капиталистичкиот систем и го проектира на врските. Све нешто зад секое ќоше вреба подобра прилика па ајде ќе играме со резерва пошто ете, утре ќе се појави уау нова опција. И после срање.
Трето, раја не познава самите себе и така лебди во лимбо, врската после почетната затрескност оди на патот на досадата. Секако, оние кои се жалат на досада се обично тие кои чекаат да бидат анимирани од партнерот а самите се досадњикави.

Има уште...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Друго, раја некако има перцепција дека сериозните врски се тешки. Го доживуваат тоа како товарење на шлепер или работа во рудник.
Се им е тешко. Не сакале да излезат од комфорна зона, се да биде по старо како во сингл ситуација ама со друга особа. Дебилана.
Ако може партнерот да се материјализира само за секс и после да исчезне до наредната сеанса, тоа е денешниот идеал за врска во земјата на Хунзите. И не само тука него и пошироко.