ЗА ТИЕ ШО НЕЈЌАТ МН ДА ЧИТАТ: ПОСТОИ!!!
ја мислам дека ако од почеток има симпатии тогаш другарството е само изговор за да бидат блиску еден до друг и да си ја пробат среќата
ама ако од почеток се гледат како другари не верувам дека тоа може да се смене.. значи: ако од почеток сум сакала нешто повеќе од другарство, се дружам за да ми биде нешто повеќе од другар.. а тоа не е другарство туку начин да дојдеш до него.. а ако од почеток почнам да го гледам како другар нема да го сакам на друг начин никогаш
е тоа е веќе другарство.. и да, имам другари шо сум сигурна дека никогаш не ме погледнале со други очи, или ако имале момент на слабост биле доволно паметни да поминат преку тоа за да не ме изгубат како другарка.. не дека сум приметила дека сакат нешто, туку оти сите викат никогаш не знаеш шо ти мисле...
е има уште еден момент.. ко гледаш дека не можеш да најдеш дечко/девојка како шо сакаш да имаш и си викаш ај со другар/ката барем се знаеме, ако ништо друго барем муабет ќе има секогаш.. и тие двајца ко ќе се земат сите викат "ова е доказ дека другарство меѓу машко и женско не постои, цело време имале чувства еден за друг ама ги криеле".
Според мене ова е од немање избор, не од љубов