Заљубени во другар/другарка што понатаму?

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Не ризикувајте да си го уништите другарството, доколку не сте сигурни во неговите чувства. :)
Од искуство ви го кажувам ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имав школски другар, најдобар најдобар најдобар. Му кажував се, како на другарка можеби и повеќе. А тој цело време да бил заљубен во мене. За полуматура ми беше партнер што не ни очекував да биде поинаку , јас другарски а тој го доживувал поинаку. Дојде средно ние тргнавме по различен пат, ама останавме другари, се гледавме се допишувавме и во еден период дури и јас почнав нешто да чувствувам повеќе, барем така мислев. Тој во една ситуација ми призна , и некако спонтано се сложивме да се обидеме. И ништо, не цел месец, едвај издржав. Се чувствував како да правам грев, тој ми беше како брат близок и мил. Раскинав и мислев да останеме пријатели. Ама Ништо, сега едно здраво едвај го имаме и тоа кога ќе се изминеме блиску еден до друг. Изгубив многу значајна личност за мојот живот. Можеби халуцинирам , но и ден денеска ме гледа носталгично кога ќе го фатам неговиот поглед навечер во кафиќ кога одиме. Јас имам дечко а и он си има девојка веќе долго време ама ете така ми изгледа, можеби грешам не знам. Му посакувам најголема среќа во животот и тоа што се изгубивме еден со друг е нешто за кое највише се каам.
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Мислам дека многу тешко подолг период да се одржува и да остане како таква блискоста помеѓу двајца другари ( машко и женско )каде што се јавува преминот кон љубовта. Секако дека дури и да е на момент, некогаш ке се почуствува таа желба за љубов спрема личноста со која делиш се во животот. Затоа што мислам дека другарството помеѓу машко и женско е дури и посилно од другарството помеѓу двајца машки или две женски. За да се одржува тоа другарство мора да се има голема храброст кај појаката страна за да ги одбие непосакуваните последици и гестовите кои укажуваат на нешто повеке од другарство. Покрај тоа што тој/таа што е заљубен/а во другарот/другарката на секој можен начин ке настојува да одземе внимание и да го покаже тоа. И на крај ако успее сето тоа најчесто завршува со оддалечување и рушење на другарството.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Дефинитивно не постојат ....
Вистински другарства каде што се многу блиски и често се заедно и се си кажуваат од мои искуства и од искуства на мои блиски не постојат...
Секогаш кај еден од нив ке има искри ;)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Могуче је доколку другарот е геј или пак феминизиран или ако другарката е некоја мазга што лока пиво и ждрига. Но сепак у сушен период могуче је да дојде до појава на влажни фантазии при што перцепцијата се менува од другарка во сексуален објект.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Bum-Bum

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Могуче је доколку другарот е геј или пак феминизиран или ако другарката е некоја мазга што лока пиво и ждрига. Но сепак у сушен период могуче је да дојде до појава на влажни фантазии при што перцепцијата се менува од другарка во сексуален објект.
Нема врска. Имам многу добар другар од мала а не е ниту геј ниту феминизиран си има девојка човекот од поодамна.. Ниту јас сум го погледнала со други очи ниту пак тој мене...
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Нема врска. Имам многу добар другар од мала а не е ниту геј ниту феминизиран си има девојка човекот од поодамна.. Ниту јас сум го погледнала со други очи ниту пак тој мене...
Па си има девојка човекот.