Да , на некој му е смешно да се зафркава , ама кога и вас би ве зафркавал некој би ви било тешко.
Мене некој веќе една година не ме остава на мира , на почетокот мислев нака е , ќе помине или е грешка . (пошто ми звонеја без скриен ) И јас се зезав со нив , смешно ми беше ама потоа станаа упорни и екстра досадни , од утро до мрак , секоја минута се јавуваа постојано , имав околу 150 тина повици од нив на ден - два . Јас пријавив и во полиција , и во ONE оператотот но ништо не превзедоа мерки . После тоа сватив дека си имам работа со ненормални луѓе и зависници од дрога .
Еднаш прешувам шо ви е бе вас , колку испивте :
А типов ми одговара : " Нишо бе , два- три шприца примивме само ... " (мртов озбилен , едвај зборува )
Се расправа на телефон и со татко ми , си пцуеа , татко ми кога се изнервира што не си изнарекоа , јас помислив дека се исплашил ама овај пак ми звонеше , сега последниве 2 недели не му кревав ама и не му спуштав , игнорирав исто како да не ми звони телефонот и сега еве не се има јавено ... (да не го урочам , пуу- пуу ) .
Можам да ги споделам броевите од кои ми се јавуваа ...
И баш ме интересира , што би правеле вие доколку сте во ваква ситуација ?