Кога отидов во прво одделение, ја запознав Ели. Седеше до мене, делевме ужинка, цртавме, се дружевме и заедно растевме. Пошто и двете имаме браќа, една на друга си бевме сестри. При крајот на основно, нејзината мајка почина и со татко и се преселија во друга населба и од тогаш изгубивме контакт. Во средно запознав многу пријателки, но ни една толку блиска како што ми беше таа. Секогаш мислев каде е, што прави и колку добро ми би дошло нејзино присуство кога прв пат вистински се заљубив, кога ми беше скршено срцето..
После матура,и јас се преселив во друга населба. Живеев неколку месеци без да си ги знам комшиите. Еден ден кога идев накај продавница, на скали пред мојот стан ја сретнав нејзе, мојата најдобра пријателка од детството. Не само што ја сретнав после 4 години, него излезе дека живее во истата зграда, во станот до мојот. Од тогаш станавме неразделни, заедно јадевме, спиевме, искачавме.. Делевме се. Пак си бевме неразделни како некогаш. Никогаш не сум имала таков однос и такво пријателство како со нејзе. На моменти ептен ми недостига. Сега сме пак разделени, но овој пат поради убава причина. Ели е среќно мажена и има еден прекрасен бебуш.