Заборавени другари

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Имам, нормално дека имам.
Се уште не сум се покајала што тие се сега заборавени...
Не ги барам, не гледам добра причина за да ги побарам.
Можеби некогаш повторно ќе ни се спојат животите.
 
  • Like
Реакции: cece17 and Ludaca

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
некогаш подобро е да се заборават отколку да му го лижиш задникот.... не знам дали има вистински другари стварно
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
270
204
1,043
и ја имам една другарка која учеше со мене до 3 одд сите ја сакавме се ни бешее супер секој ден се глеавме од малоо дека и плус исто одд ама во 4то си отиде во Лондон првата год ни пишуваше писма ама после ја снема скроз и до ден денес неможам да ја најдам ни на фб ни нигде а и да ја најдам којзнае дали ке ја препознам :nah
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Имам многу " другарки и другари"...... кои заборавија дека постојам, без некоја посебна причина. :(
Секогаш те повредуват најблиските :confused:
 
  • Like
Реакции: Scars31

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Посебните, не се заборавени,
во никој случај.
Иако животот не носи по различни патишта
посебните другари и другарки,
живеат во мене.
Не секогаш мислам на нив,
но иако долго време ги немам видено
имам чувство дека се тука,
како вчера да сум ги видела последен пат.
Кога имаме можности се гледаме,
си правиме да ни е убаво,
збориме за се и сешто,
и повторно секој си оди по својот пат..
Таа една средба е доволна да знаеме дека сме тука, дека сме ние, дека сме истите..

Си ги сакам тие луѓе...
 

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Кога отидов во прво одделение, ја запознав Ели. Седеше до мене, делевме ужинка, цртавме, се дружевме и заедно растевме. Пошто и двете имаме браќа, една на друга си бевме сестри. При крајот на основно, нејзината мајка почина и со татко и се преселија во друга населба и од тогаш изгубивме контакт. Во средно запознав многу пријателки, но ни една толку блиска како што ми беше таа. Секогаш мислев каде е, што прави и колку добро ми би дошло нејзино присуство кога прв пат вистински се заљубив, кога ми беше скршено срцето..
После матура,и јас се преселив во друга населба. Живеев неколку месеци без да си ги знам комшиите. Еден ден кога идев накај продавница, на скали пред мојот стан ја сретнав нејзе, мојата најдобра пријателка од детството. Не само што ја сретнав после 4 години, него излезе дека живее во истата зграда, во станот до мојот. Од тогаш станавме неразделни, заедно јадевме, спиевме, искачавме.. Делевме се. Пак си бевме неразделни како некогаш. Никогаш не сум имала таков однос и такво пријателство како со нејзе. На моменти ептен ми недостига. Сега сме пак разделени, но овој пат поради убава причина. Ели е среќно мажена и има еден прекрасен бебуш.
 
  • Like
Реакции: monika88

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
454
645
193
31
Неготино
и ја имам една другарка која учеше со мене до 3 одд сите ја сакавме се ни бешее супер секој ден се глеавме од малоо дека и плус исто одд ама во 4то си отиде во Лондон првата год ни пишуваше писма ама после ја снема скроз и до ден денес неможам да ја најдам ни на фб ни нигде а и да ја најдам којзнае дали ке ја препознам :nah
исто имав другарче до 2-ро одд замина за австралија првите неколку години ни пишуваше и му пишувавме писма,потоа не заборави и сега после толку години дојде на гости и се заборавил,не ме ни поздравува
 

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
32
Карпош - Влае
Никој не сум заборавил, само чекам кога ќе се видам со нив, тоа е инстинкт од внатре нешто кога ќе ти каже, од душата произлегува.;)
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,466
1,185
1,133
Имав една другарка Сара се викаше
бевме неразделни се додека она не се пресели од мојата населба поминаа 10 години и сеуште ја немам видено ни најдено
таа беше мојата најблиска другарка во детството