Се излечиле многумина и многумина не се излечиле. Пример мајка ми. Не се излечи.
Тие што се излечиле, тоа е навистина прекрасно и дава надеж и е инспирација и е поттик.
Штом и тебе таквиот начин на исхрана ти помага да се чувствуваш подобро тогаш имаш целосна моја поддршка да продолжиш. Прави што и да правиш, следи се себеси и сѐ додека ти е добро терај така. Споделувај информации, споделувај го своето искуство, ако некој ти побара совет советувај го.
Но, немој да ги испревтуваш фактите. И дозволи ми и мене и на секој друг да го прави истото. Да си одлучи секој сам за себе.
Види, јас немам проблем да дискутирам, но имам проблем кога дискусијата во основа се служи со манипулација. Не знам да се снајдам во таква дискусија.
Инаку, немој да мислиш дека сме ете баш толку неинформирани и неителигентни па не се грижиме воопшто за сопственото здравје и за здравјето на луѓето кои ги сакаме и дека најголемиот двигател во животот ни е стрвноста и ненаситноста.
Целта на темава е да послужи за информација пред се, сепак постојат луге и кои не ја знаат оваа страна па се манипулирани од компаниите кои сакаат само да остваруваат профит и не се многу загрижени за нашето здравје, истото важи и за фармацевската индустрија и така натаму.
Јас споделив доста мислења и линкови каде што и лекари и научници го тврдат истото, дека протеините од животинско потекло не му се од полза на човекот, сето тоа е подкрепено со некои научни истражувања, не е само предпоставка или нешто слично.
Секако дека го ценам и вашето мислење и ги прифаќам вашите аргументи, но дискусијата оди во погрешен правец кога ке се спомне поранешниот начин на живот, праисторијата, инстинктот за преживување и така натаму, бидејки сето тоа денес нема никаква вредност. Светот е променет, мора и ние да се промениме за да опстанеме во него.
Јас не пишувам тука за да убедувам, разубедувам или наметнам нешто, ниту пак да навредам, но кога ми се реплицира со такви аргументи едноставно имам потреба да дадам свое образложение.
Ја отворив оваа тема со една позитивна цел, сепак и јас сето ова сум го прочитала некаде, сум слушнала од некого, сум пробала, дало позитивни резултати и со најдобра намера сакам да споделам искуства и информации.
Немам ништо против тоа секој да си води таков начин на живот како што си сака, но сум против кога неинформираноста се злоупотребува од некои на кои тоа им оди во прилог. Кога човек ги знае последиците од своето однесување и сепак одбира да не се промени тоа е во ред, но кога човек не знае...
Секак и тука на форумот и секаде постојат луѓе кои живеат за да провоцираат па затоа не е чудно што темава оди во погрешен правец.
Живеј здраво, храни се здраво, здрав ќе умреш.
И ова е едно од мислењата кое не би требало да биде во ваква тема. Ако на некому квалитетот на животот не му е важен тоа не значи дека самиот живот треба да се подценува, бидејки постојат луѓе кои до последен здив се борат на секаков можен начин за да опстанат што подолго, некои поради себе, некои поради своите блиски, сеедно.
Во тема каде што се дискутира за човековото здравје ваквите коментари само ја оддалечуваат дискусијата од вистинската цел.
Но по се изгледа дека си глупав, наивен и по малку чуден кога сакаш да направиш нешто што е за општо добро, едноставно не смееш да кажеш дека се грижиш за светот и за сите што живеат во него, дека те боли туѓата несреќа и дека често чувствуваш силен нагон да направиш нешто за да ги промениш работите на подобро.
Нашиот инстинкт за ловење е само поттиснат од општествените норми, правила, закон и ред... Со појава на сите тие правила со текот на времето, се забранило ловење т.е. убивање. Така, со тек на времето исчезнало ловењето (се разбира, не 100%, нели), но не и потребата за месо. Живееме во време каде што не можеме да го осетиме тој основен инстинкт, зошто немаме потреба да ловиме за да опстанеме, но тоа не го негира фактот дека сме омнивори. Едноставно, го менува начинот на стигање до парче месо. Идеме во месара и бираме што и колку сакаме да купиме. А кога би немало месара и цивилизирано општество, кога хипотетички утре би се случил некој вид на апокалипса и би биле приморани да ловиме за храна, дали мислиш дека човекот тоа нема да го направи? Секако дека би берел и овошје и зеленчук, но исто така и би ловел поради потреба за месо, а не од стрвност.
Сосема се согласувам, инстинктот за преживување не би можел да биде аргумент зошто денес лугето консумираат месо, иако можеби истото важело во бааги далечното минато. Другите аргументи ги пригаќам, но ова не.