Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Без разлика дали е нешто што сте го прочитале, слушнале или сами сте го смислиле, секој би требало да има мото, мисла според која се води во животот. Нешто на кое се потсетувате во секој клучен момент, мисла поради која одлучувате на еден, наместо на друг начин. Можеби тоа е поука која сте ја извлекле од некое искуство, лекција која сте ја научиле од некоја грешка или позитивна мисла која ви помага во секој момент кога се двоумите или која ви дава поткрепа за да успеете до целта. Имате ли сопствени правила на животот? Која е вашата мисла? Кое е вашето животно мото?
Еве едно од моите
Зборот не можам не постои, тоа е само културна форма од не сакам.
Мојата мисла -водилка е се можеш да постигнеш освен да се вратиш од каде си излегол(во стомакот на мајка ти).
П.С. Баба ми ја кажуваше малку вулгарната варијанта, но повеќе впечатлива.......
Живеј го секој ден како да ти е последен. Животот е краток и мислењето дека животот во иднина ќе биде многу подобар е глупаво. Јас морам да живеам сега.