Whoever lays his hand on me to govern me is a usurper and a tyrant.
I declare him my enemy.
тоа се тие свети зборови од Чичко Пјер Жозеф Прудон...
Не знам зошто, уште од најмали нозе до денес, секој оној кој се поставува во својство на авторитет без да биде за таков признаен од моја страна - автоматски ми е душман.
Паметам имаше една професорка по англиски, релативно фина госпоѓа во споредба со останатите морони од наставниот кадар која се обидуваше да се постави пријателски кон мене, ваљда поради знаењето на јазикот. Без разлика на нејзиниот обид за фер однос, ја гледав како гомно на две нозе поради тоа што 1.знаев англиски и секој претекст дека нешто ќе ме `научи` беше смешен. 2.Таа беше таму да зема плата на грб на учениците кои своето време требаше принудно да го поминуваат затворени во училница.
Исто на едно работно место, газдата еднаш нешто ми вика во смисла `нели сме пријатели` ова она... при што веднаш ми се стемни и си помислив на мизерната плата која ја земам и неплатените работни часови и си помислив дека побрзо би бил пријател со стаорец или пајак него со газдата...пријателство со такво гомненце би ми било тешка навреда.
Инаку немам никаков проблем со авторитет кој го признавам за таков поради негови реални вредности на одредено поле, без разлика дали е заеднички интерес или нешто сосема десетто.