Елена Ристеска

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Биографија

Рани години

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје, Македонија (тогаш СР Македонија во составот на СФР Југославија). Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.
Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор. Нејзиното меѓународно претставуваше со хорот било воБугарија. Во 1998 година таа започнала и со цртање и при тоа се здобила со повеќе награди. Во 2000 година заедно со играорната дружина била на турнеја во Бугарија, Чешка Република и Турција.

Elena+Risteska.jpg
Elena+Risteska+Elenka.png
Elena+Risteska.jpg
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Професионален старт

Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото- реалити шоу - Play- потрага по ѕвезда. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ станува инстантен хит во Македонија, а како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои истотака станубаат успешни хитови во Македонија и соседните земји. Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и др.
Заедно со големиот успех на нејзиниот деби албум, Елена почнува да се промовира и надвор од Македонија. Во 2004 година таа учествува на „Голден Стаг“ фестивалот во Романија, а во 2005 година со нејзиниот хит „Ни на небо, ни на земја“ се претставува на Сунчане Скале во Херцег Нови. Нејзините видеа често време беа вртени по МТВ Адриа, а со тоа нејзината популарност се повеќе се зголемува.
Евровизија 2006

На 4 март, 2006, Елена Ристеска победува на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“. Со извојуваната победа таа го добива правото да ја претставува Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција. Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 март, 2006) кои обезбедуаваат пласман на финалната манифестација. Во финалето одржано на 20 март, 2006, Елена добива 56 поени и го освојува 12-то место, а тоа претставува најдобриот пласман за Македонија на Евровизија до сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Marick14

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
По Евровизија - 2007

Во Јули 2006, Елена настапува со песната „Не Могу“ (на Српски) на Сунчане Скале. Песната е дело на Калиопи и Дарко Димитров. На крајот завршува на 10 место. Истата година во Септември патува за Ереван, Ерменија да присуствува како гостин на концертот на претставникот на Ерменија на Евровизија 2006 Андре. Таа е добро пречекана од публиката во Ерменија што е и очекувано затоа што „Нинанајна“ станува летен хит и популарен рингтон таму. Во Октомври таа реализира нов сингл насловен како „Есен Во Мене“. Песната е дело на Дарко Димитров.
После нејзините безбројни хитови во претходната година, вториот албум на Елена насловен како 192 е реализиран во Декември 2006. Албумот ги содржи „Нинанајна“, „Есен Во Мене“, Македонската верзија на „Не Могу“ насловена како „Не Можам“ и нов материјал.
Во 2007 таа зема дел во Скопје Фест 2007, но сега не како натпреварувач туку како специјален гостин и автор на текстот на „Бело е се“ песната на Ламбе Алабаковски. НаЕвровизија 2007 таа ги презентираше гласовите од Македонскиот телевотинг во финалната вечер.
Елена учествува на Српскиот Радијски Фестивал на 15 Декември, 2007 изведувајќи ја песната „Кревета Два“ или Српската верзија на нејзината песна „Има Ли Крај“. Елена завршува на второто место кое го дели со нејзината колешка и идол Каролина Гочева. Елена истотака добива и уште две награди, една за најдобра интерпретација, а другата од Радио ОСМ Пале. Кон крајот на 2007 година таа ја реализира и Српската верзија на албумот 192, насловена како „Милионер“.
Од 2008

За Елена Ристеска 2008 година започнува професионално. Таа го реализира првиот самостоен сингл на англиски јазик и тоа со видеоклип. Тоа е за песната насловена како „Million Dollar Player“ (или англиската верзија на „Милионер“). Видеото е продукција на „Corrino Media Group“, а режисер на видеото е Мајк Статик. Покрај Елена во видеото се појавува и Лирој Чемберс кој всушност е и автор на текстот за оваа песна.
После тоа Елена се навраќа на некои постари проекти. Таа снима видео за песната „Некаде Далеку“ од албумот 192. Покрај Македонската верзија таа снима видео и засрпската верзија која е насловена како „Bye bye“ и дел од албумот „Милионер“. Режисер на видеото е Александар Ристовски - Принц. Во меѓувреме снима нова песна, односно дует со групата „Паркети“ под насловот „Сакам да те галам“ која истотака се здобива со видео реализација.
На 19 Декември таа го одржува и нејзиниот прв солистички концерт. Одржан е во „Метрополис Арена“. На концертот како гости се појавија Ламбе Алабаковски, Туна, Паркети како и Босанскиот бенд „Регина“ со кои што Елена има дует.
На почетокот на 2009 таа снима спот за песната „Усни како темно мастило“. Воедно тоа е и последниот проект за кој е предвидена реализација од албумот 192.
Албуми

  • И јас сакам да бидам ѕвезда (на сите учесници од потрагата на нова М2 звезда)(2002)
  • Ден и ноќ (2003) (прв студиски албум)
  • 192 (2006)
  • Милионер (2008)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Marick14