Електроинсталација во куќа | Црнобело Форум

Електроинсталација во куќа

iskra

Староседелец
21 октомври 2011
204
300
1,063
За мене е ова нешто ново, па ме интересира. Дали некој знае колку се движи цената за електроинсталација во куќа? Имам сознанија дека се наплатува од сијалично место/дозна? Знае ли некој која е цената?
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Изведувањето на работите си го плаќаш на мајсторот по цена на завршница (сијалица, штекер, дозна...) зависи како ќе се договориш и за која цена ќе се договориш а материјалите се твои односно сам си ги плаќаш... најчесто имаш готово проект ако се работи за нов објект со кој покрај архитектонскиот план имаш и електроинсталационене план, и со планот се договораш кај електро-инсталатерот. КОлку сијалици, колку штекери, каква табла.... си прајте цена по работна рака на завршница. Исто така може да го внесите или изнесите од цената копањето на каналите ама најчесто тоа го прави инсталатерот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Vendetta and ipopovski

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Еве една тема за мене. Зависи куде, ама движи се около 4-5 евра сијалично место, плус стотче од осигурач, вржување.
Ја имам на некои места работено за 4, 3,5. Искрено, гледам гу финансиску состојбу на тога човека, па по тој му наплаќам...
Неможеш да тражиш надреални цене, ако човек не е финансиски способан...
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
А исто такој работи се и по договор,што би кажале куманофци, од ѓутуре. :D

И да напомену, монтажа посебно се наплаќа. 300 денара од лустер, плафоњерка... или било какво сијалично тело, 100 денара шуко/прекидач.

Инсталирање на доводан кабел се наплаќа исто посебно, негде около 100 денара од метро е тој.. може да варира цена, зависи дали е подземна мрежа(шахта), или надземна(бандера).

Све на све, една куќа од 100 квадрата сс стандард инсталацију испада негде около 200-300 евра.
 

iskra

Староседелец
21 октомври 2011
204
300
1,063
Па од прилика толку, мене ми побараа за се вкупно 350 евра...се комплет сосе копање, табла инсталирање,до фаза да запалам сијалица. Материјалот мој.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Поише кошта прикључак од дистрибуцију на мрежу, него целокупна електрична инсталација + кабел на стан/куќу у пм...
550 евра еј?! Куде има логика бре, ако е веќ такој нека дадев 5 000 киловата гратис, а не још прв месец ти испраќав фактуру од 4500 денара :/
 

Robert P

Нов член
23 ноември 2012
8
3
3
www.gradimeiopremuva.me
Здраво, за сите вас кои дејствувате во областа на градежништвото или пак барате информации од таа област ви го препорачувам новиов портал Gradimeiopremuva.me ( http://www.gradimeiopremuva.me ). Започна со работа пред неколку дена но работиме на негово обогатување со информации. Доколку имате можност разгледајте го, би сакал да ги слушнам вашите мислења.
 

iskra

Староседелец
21 октомври 2011
204
300
1,063
Здраво, за сите вас кои дејствувате во областа на градежништвото или пак барате информации од таа област ви го препорачувам новиов портал Gradimeiopremuva.me ( http://www.gradimeiopremuva.me ). Започна со работа пред неколку дена но работиме на негово обогатување со информации. Доколку имате можност разгледајте го, би сакал да ги слушнам вашите мислења.
Па вака изгледа добро, но треба уште да се поработи на сајтот. Треба да се наполни со информации.