Уф за малце ќе се повтореше ланската утакмица. Ама сега ПСЖ засилени на голманската позиција и судиската помош беше тука така да на крајот конечни 27:22.
Металург убаво почна и се обидуваше да ја успори играа, во еден момент им успеа тоа и затоа на полувреме беше нерешено. Во второ Псж отвори убаво со неколку голови, но повторно спората игра на Металург даде резултат, израмнија и имаа шанса да поведат но тука беа судиите да не го дозволат тоа. Неколку судиски одлуки во клучните моменти му ја донесоа предноста на Псж. Омејер на голот беше добар но не и супер може он и подобро ама изгледа го стигнаа годините, на другата страна Станиќ беше можеби малце повеќе од добар бидејќи не бранел долго време и сега успеа да одбрани 16 удари, исто така и он може подобро а и мора.
Од другите утакмици ќе го спомнам само поразот на актуелниот шампион Фленсбург од Колдинг со мислам 14 разлика, и победата на Загреб над фаворитот Кил.