Тоа ти е спортот, на минута до крај водиш 1 разлика и на крај го губиш мечот со 1 разлика. Толкави баксузи сме значи, општо за секој спорт.
Вчера Вардар во прво колку толку се држеше ама во второ беше ептен добар. Прецизни шутеви, одбрана, е сега малку ме нервираа што губеа топки но добро. Атмосферата не знам, тука се изгубија играчите на Веспрем и таман да ги докрајчиме ние примаме 3 гола и пак од почеток. На крај промашен пенал за победа и ептен почетничка грешка после која го изгубивме и тој 1 бод.
Добро сепак не е се изгубено, шансите за поминување на групата се големи.
Денес Металург пак изгуби, изгледа се помирија дека ова им е можеби последна сезона во ЛШ. Ситуацијата во клубот не е ни малку добра, после каснењето на платите, суспендирањето на македонските играчи, карањето со тренерот, резултираа со губење на многу добри играчи. Сите кои си отидоа од Металург се странци за кои се тепаат и големи клубови, ете до каде оди глупоста на управата, ги избркаа можеби едни од играчите кои во иднина ќе бидат ѕвезди.
На денешниов меч во прво се држеа а во второ потона бродот (како песната на скопски фестивал). На крајот уште еден пораз, 6ти во низа. Шансите нормално дека постојат но сега се ептен минимални.
Следува интересна сезона.