Душа е универзален поим за карактерот на човекот. Иако се употребуцва и за суштества кои реално, немаат никакви емоции (на пример, кучиња, мачки) често кажуваме ,,види го колку е добро кутрево, навистина има добра душа,,.
Душа се користи како синоним за нарав (не ми текнува македонскиот збор). Ако некој има добри карактерни одлики, тогаш тој има ,,добра душа,,. Ако е (релативно..) лош, тогаш има ,,лоша душа,,.
По мене, душа нема врска со овој, иден, минат живот. Душата на детето ја креира родителот. Душата на човекот е одамна креирана, одамна се дадени параметрите.
Со умирањето на човекот, умира и неговиот нервен систем, а со тоа и неговата личност, која е носител на неговата ,,душа,,.