Дојран

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Odam vikendaski...plazite se prilicno sredeni. Hotelite polni a ima I privatno smestuvanje ovie denovi e guzva a najmnogu se ocekuva okolu prvi. Avgust,,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Имам километарски импресии од местово. :zelen
Фино местенце, ама многу неорганизирано. Се познава дека штотуку пркнува на туристички план.
Не знам, имам чувство дека на луѓето таму им недостигаат некои основни манири на повеќе полиња.
Пред некој ден се вратив, бевме сместени во Нов Дојран поради недостаток на смештај, па не начекаа и самите да си платиме за туристичка такса...не знам дали е пракса тоа, ама бар досега други ни немаат барано.
Имаат само две таксиња. Две! И истите користат да ти земат 100 денари за 4-5 км...ама со оглед на тоа што минимум два пати во денот моравме до град и назад, пешачењето и не беше секогаш најпаметна опција. Од вкупно 5-6те таксисти во двете места, 4ца беа арогантни. Речат дека ќе дојдат, па ги нема по час-два, бркаат други патници, бараат по 200 денари ако сме сакале да ги резервираме однапред...последниот не сјеба и на автобуска да не однесе, среќа автобусот мина откај нас, иначе ќе се замиевме за враќање. Постариве келнери се исто некако збунети, изгубени, се расправаат со муштерии, им се познава нетрпеливост на лицето ако прашаш нешто, еден гледа минува мајка со количка во тесно, меѓу две маси, тој се втурнува да пројде истовремено со неа.
Ако оди човек пешки од Нов до Стар, 4 од 5 коли ќе му свирнат. Не знам, може е поздрав од љубезност, ама да добивавме 10 денари за секое свиркање, ќе си ги покриевме трошоците за такси...или бар да беа љубезни да прашаат да не треба превоз, кога веќе се наканиле да освојуваат. :D
Тоа за народот.
Местото, ко место, е фино. Луѓето што беа периодот, му дадоа убав шмек и позитивни вибрации. Тоа вредеше.
Водата е топла, малку зашљакана од алгите, ама воглавно океј. Се осеќаш ко Исус кога одиш сред езеро, а водата ти е едвај до половина. Кејот ми се допаѓа, пријатен е за шетање, пазарчето и маркетите имаат фини продукти за солидни цени. Е, али никаде нема T-Mobile ваучери. (worried)
Воглавно, цути користољубие. Цените на Д Фестивал беа смешни...кога им стана јасно дека пијан народ бара вода, магично никна понудата 2л флаша за 250 денари. Не ме јеби...златен Бер Грилс ќе си бидам.
Отидов, видов...да не е фестивалот, никогаш повеќе не би стапнала.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Ова е типичен продукт на герила маркетинг - нештото кога е набрзинка направено од ништо, кога капитал се слева многу повеќе од страна него од самите туристи, тогаш и на мештаните уво ќе ги заболе да им угодат на гостите. У принцип отсекогаш ги бојкотирам местата кои во рок од 5 години од тешка пустелија стануваат најпрометните туристички локации во земјата, бидејќи свесноста не се гради за толку краток период, треба многу повеќе време да помине.
Финтата со 200 денари (топла) вода не е нова :zelen, но проблем е ако е ударна вест од мислењата на туристите. Со тоа очекувај следното лето посетеноста да биде преполовена. Освен ако на туристите им е гајле, само да не отидат кај келтиот јужен, северен, источен, западен сосед кој секако ќе го дочека со студена вода на послужавник и платена лежалка.
Нејќам да звучам ко @Outrider но мислам дека ние сме се` помалку свесни за рецептивниот туризам и како да би го надоградиле во одредено повисоко ниво. Кога Преспа зјае со години празна со капацитет само Отешево и нешто Ресен а ги има златни Брајчино, Љубојно и Крани со капацитет еднаков на собна температура, кога не научија и не научија во Охрид да класифицираат хотели и сместувања со ѕвезди, кога Скопје го форсираат како туристичка дестинација додека Битола има многу повеќе да понуди а ене ја седи штама.