Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин, варијанти Дорјан, Догрјан, Дојрани) е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро :
градот Стар Дојран (800 жители), центар на Општина Дојран во Република Македонија на местото на стариот град,
градот Нов Дојран (1200 жители) во Република Македонија на 5 километри на север од стариот град,
селото Дојран (183 жители) во Егејска Македонија на јужниот брег на Дојранското Езеро на местото на старата Дојранска железничка станица.
Сместувачки капацитети во Дојран има избор од хотели, приватно сместување, одмаралишта па и еден автокамп.
Легенда за Дојранското Езеро
Прва легенда:
Во градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден неделничен ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабина тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.
Според горезапишаната легенда и големиот македонски композитор Трајко Прокопиев го напишал балетот “Лабин и Дојрана”. Овој балет за прв пат е изведен во сезоната 1957/58 година.
Втора легенда:
Во градот Полин имало една многу убава девојка што се викала Дојрана. Била висока црноока, со витка става. Дојрана со своите другарки секоја вечер доаѓала на чешмата која се наоѓала во пространата долина источно од градот. Една вечер кога Дојрана отишла по вода со своите другарки, кај чешмата дошол и нејзиниот мерак, убавиот Лабин. Додека Дојрана и Лабин си збореле за нивните љубовни чувства, другарките на Дојрана ги наполниле бардињата и ѓумовите со ладна вода и тргнале накај дома. Дојрана и Лабин останале сами. Се задржале подолго време. Кога увиделе дека другарките си заминале и ја оставиле сама, многу се збунила па затоа на брзина ги наполнила со вода своите бардиња и побрзала да ги стигне другарките. Било ноќ и, и било страв да си оди оди дома сама. Во тоа брзање да ги стигне своите другарки ја заборавила чешмата отворена. Големата количина вода од чешмата течела цела ноќ па другиот ден народот со чудење гледал дека целата долина е исполнета со вода и наместо убаво тревно поле, настанало езеро. Бидејки Полјанци дознале дека Дојрана ја заборавила чешмата да тече цела ноќ, односно таа е виновникот што настанало езерото, по нејзиното име го нарекле Дојранско Езеро, а градот го нарекле исто така по нејзиното име Дојран.
Дојранското Езеро е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км². Западниот, поголемиот дел (27,3 км²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км²) на Грција. На север басенот на езерото е заграден со Беласица и Боска Планина. На запад се планините Дуб и Кара Балија, а на исток Круша. На југ е отворен по долината на реката Ѓолаја кон Солунското Поле.
Дали и колку пати имате одено во Дојран?
Каков впечаток ви оставил?
Што ви се допаѓа, а што не во Дојран?