Се пронајдов и јас во темава, едноставно ако јас не ја поштувам религијата не значи дека треба и другите да ги замарам со тоа (и нејкам они мене да ме замараат). Ок за бадник ќе вртиме лепче или нешто за слава ако треба, ама тоа чисто од почит према моите, сепак ни можам ни сакам некого да убедувам некој што е дупло постар од мене да му се мешам во тоа. А кога еден ден јас ќе имам мои деца, моја жена мој дом, сигурно не би практикувал такви ствари, нити би правел слава нити би ги крстел децата во црква, кога ќе пораснат ако сакаат никој не им брани. Е сеа мал конфликт настанува кога мајка ми ќе ми стави некој крст или икона во соба а јас ја тргам, или ќе ми донесе некоја “света вода“ од црква... Од почит према неа не се расправам ниту ја разубедувам, само гледам на најмирен начин да се извадам од ситуацијата пошто ми изгледа глупо и смешно. Лани мислам беше дремам на комјутер и ми влага поп у соба, тоа за божиќ или велигден не знам кога, кога доаѓаат по дома и најпоштено му реков друже ај глеј си работа не мора овде да ми прскаш, па ми сврте попот муабет ко злото почнало да ме обзема пошто сум седел на ѓаволската машина (комјутерот), толку беше озбилен што едвај се воздржав да не му се насмеам. После предаванја три дена како не сум бил културен према попот. Што е до мене не би го ни пуштил да ми влезе дома ама ај...
Така да не се замарајте и не стварајте непотребни расправии по дома ако се разликувате во мислењата за тие работи со родителите и не пробувајте да ги разубедите, пошто не е можно и башка нема поента некого да разубедуваш за таква работа