Се напнавте
Ретко скоро никогаш не дискутирам на тема религија..
Колку што разбрав од воведот, членот бара да се продискутира и да се даде мислење околу тоа хипотетички ако се најдеме во таков случај, како би реагирале, како би се однесувале со домашните...или пак оние кои што навистина се наоѓаат во таква ситуација да изнесат свои мислења и лични искуства.
Јас сум од оние првите и ќе кажам само никој на овој свет нема право на другиот да му кажува што да мисли, во што да верува..иако тоа би се противело на нашите мислења и принципи, сепак секој си има свое право за религиозно и било какво друго определување.
А конкретно за случајов, најверојатно кога веќе би се одлучила на таков чекор и би одела против милиони други верници, зошто да не успеам и својот живот со домашните да си го ускладам во согласност со своите уверувања.Не гледам зошто би имало некој конкретен проблем во семејството околу тоа, освен доколку би станало прашање околу моралниот статус на семејството, но и тогаш секогаш се наоѓа начин за се, да се докаже зошто е тоа така за да може другите да те прифатат таков каков што си.