1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Доброволно дарување на крв

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Y1K991, 21 април 2012.

  1. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    Тоа ми е и мене муабетот, дискриминација е ова. :zelen


    Прочитај го постот од Jackal... Од кај ќе знаат тие дали е инфицирана?
     
  2. Blondie

    Blondie Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    612
    Допаѓања:
    1,085
    Да секако дека тие ја испитуваат пак пред да се даде крвта,ама неможе некој што не го исполнува правилникот затоа што тој е ризичен,сепак они повеќе си се држат до економичноста,затоа што за испитување на сето тоа вклучени се процедури и пари. Зошто да испитуваат на потецијално ризични кога можат на веќе сигурни ??? Тоа им се дупли трошоци
     
    На Марија му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    ама тоа е на некој начин дискриминарчки. Пред да ја знаат вистинската состојба, тие му ставаат етикета дека тој може но не мора и да значи дека е носител на заразна болест ...
     
    На foREVer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Blondie

    Blondie Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    612
    Допаѓања:
    1,085
    Ех сега дискриминирачка-знаеш економска криза мора да се штеди;)
     
  5. gordana

    gordana Нов член

    Зачленет на:
    30 јуни 2012
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    имам едно прашање имам дарувано крв ме интересира дали таа крв се испитува пред да биде искористена , мислам дали се испитува на пр од сида од сексуално преносливи болести и ред други инфекции поздрав
     
  6. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Најубаво е пред да даруваш крв да се провериш, затоа што како што знам јас мислам дека пополнуваш лист каде што пишува дали имаш некакви сексуално преносливи болести.
    Инаку до сега немам дарувано крв, не ни планирам.Немам доволно за самиот себе.
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Дарување крв или крводарителство е чин на некое лице кога доброволно дарува крв, којашто се користи за трансфузија или за производство на лекови преку процесот наречен фракционација.
    Во развиениот свет најголем дел од крводарителите се неплатени доброволци кои што даруваат крв за потребите на заедницата. Во посиромашните земји, залихите се ограничени и крводарителите обично даваат крв тогаш кога му е потребна трансфузија на некој член од семејството или на пријател. Многу дарители даруваат крв од милосрдие, но има и такви кои се платени, а во некои случаи има и други начини на поттикнување, освен парите, како на пример платени слободни денови од работа за крводарителите. Еден крводарител може да дарува крв и за свои сопствени потреби во иднина. Дарувањето крв е релативно безбедно, но кај некои крводарители може да се појави модринка на местото каде што била ставена иглата, или да почувствуваат губење на свеста.
    Кaј потенцијалните крводарители се прават проценки за сè што може да ја направи крвта небезбедна за употреба. Испитувањето вклучува тестови за болести што се пренесуваат преку трансфузија на крв, вклучувајќи ХИВ и вирусен хепатит. Исто така, се испитува и медицинската историја на крводарителот, а се прави и краток физички тест за да се утврди дека дарувањето крв не е опасно по неговото здравје. Колку често крводарителот може да дава крв има разлика во денови и месеци, врз основа на тоа кој компонент од крвта се донира, како и на законите во земјата каде што се случува дарувањето крв. На пример, во Соединетите Американски Држави, крводарителот мора да чека 8 седмици (56 дена) за повторно донирање на целокупна крв, а само 3 дена за донирање тромбоцити.
    Количеството крв коешто може да се донира, како и методите на донирање, се разликуваат. Земањето крв може да се изведува рачно или со автоматизирана опрема, со којашто се земаат само посебни делови од крвта. Многу од компонентите на крвта којашто се употребува за трансфузија имаат краток рок на употреба, и оддржувањето на постојани залихи е постојан проблем.

    Дали сте дарувале крв?
    Досега 3-4 пати имам дарувано крв и ќе продолжам да давам и понатаму. Единствена причина поради која се одлучив да давам крв е тоа што мојата крв може да спаси нечиј живот.

    Секој што може и сака да дава крв слободно нека дава, некој навистина е во потреба. Постапката воопшто не е болна и не е страшна.

    Неколку факти околу дарувањето крв:

    Дарувањето крв е доброволно, анонимно и бесплатно.

    Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18-65 години.

    Жена може да дава крв на секои четири месеци, а маж на секои три месеци.

    Дарувањето на крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.

    Материјалот за земање крв е за една употреба, така што дарувателот и примателот се потполно заштитени.

    Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.

    Дарувањето крв е корисно, со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
     
    На Bibi@ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    :rolleyes:
    три четири пати од порано
    неколку пати после тоа одев и не ми дозволија да давам крв со образложение дека сум слабокрвна
    а јас здрава ко дрен,глава менема болено во живот што се вика :biggrin
    и после тие неколку пати,сега последно кога отидов,за близок свој да давам истото ми го кажаа.
    изгледа или има многу малку крводарители или некој бизнис си прави и во оваа работа,пошто кога требаше за братучетка ми да даваме крв,никој од нас не беше таа крвна група но за да и дадеа соодветна крв бараа за возврат од било која група.
     
  9. девојкатаовен

    девојкатаовен Полноправен Член

    Зачленет на:
    12 јуни 2012
    Мислења:
    50
    Допаѓања:
    49
    И јас би сакала да бидам крводарител, ама со ХМГ 107 ништо не бива :)
     
  10. Mardy Bum

    Mardy Bum Староседелец

    Зачленет на:
    25 април 2012
    Мислења:
    178
    Допаѓања:
    180
    Не дарувам затоа што сум слабокрвна меѓутоа активно учествувам во промоција на крводарителството, привлекување на крводарители како и организација на средношколски крводарителски акции..
    Да, секоја дарувана крв се испитува на сексуално преносливи болести, жолтица Б и Ц и др заразни болести..
     

Сподели: