Дефиниција за БРАТ

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Брат,пеер,датиеам,баба,бабуш,бато,друже,све се тоа побратимски и другарски изрази што ги има кај нас. А и немам ништо против нив,и на моите дома понекад им викам брат. И на другарките такоџе.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не го користам тој збор, на никого не му се обраќам така, па дури ни на вистинскиот брат што го имам. :D Не сакам така да ми се обраќаат, нема логика. Особено ме нервира кога ќе слушнам девојки како меѓусебно го користат. :^) На многу луѓе всушност им е навика во зборењето, без некакво посебно значење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnaMi, Succubus and Lena

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Јас имам само еден брат, што го сакам најмногу на светот и што би направила се за него и само него си го викам БРО. Иначе безвезе ми е кога некоја особа на сите други им се обраќа со брат.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Од навика често го користам... Користам и: друже, пичко, мајчин, бабуш, клошар етц... Пеер или пер како збор не можам да го поднесам, многу е лигав.

Никакво посебно значење нема "брат", брат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Брат, бато, братми, бате, батец, дури и велики брат, за мене има некое значење. Значи тоа се типови на љуѓе кои јас добро ги познавам, ги почитувам и сум доволно близок да го искористам тој збор. Доколку некој не го сменам и не го класифицирам во оваа категорија , го повикувам со другар/друже.
Знаете, тоа брат е една стапка повисок почит, над тие што ги повикувам со другар.
Е постои еден исклучок тоа е брачко...тие се 10 левели со помал рејтинг и на тие со другар...кој е од Охрид знае, зошто.

ам брачкине од лешани и плус зоки брачка? Tие се 20ти левел во мускулине (punch) и дарк ејџ во мозокон :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and The_Mayor

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Не викам многу луѓе така... Најчесто поблиските. За мене има значење во поскоро време... Кога дојде зборот на почетокот, да, сите ги викав, ама после си доби зборот значење. Имам два-тројца што ги викам брат, имам еден братми што стварно како брат си го сакам, имам полубрат ако се рачуна :rofl и од време на време ми се испушта и на дечко ми му викам брат... За мене има значење ама ако се докажуваме дали има или не тогаш неќам да учествувам :zelen
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Преглупав збор кој го кажуваат на секој и го губи своето вистинско значење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@