Доаѓа ќерката дома и бара благослов од татко и за да се омажи.
-Тато јас се заљубив многу, сакам да се мажам!
-Во кого се заљуби?...
-Во оној Рикардо што работи во твојата фирма, многу се сакаме!
-Знаеш што ќерко, морам да ти кажам дека не можеш да се омажиш за него, знаеш јас многу одамна имав тајна врска и Рикардо ти е полубрат, ама те молам немој да и кажуваш на мајка ти.
Девојката тагувала неколку месеци и кога конечно нашла нова љубов доаѓа повторно кај татко и:
-Тато јас пак се заљубив имам нов дечко многу се сакаме и сакаме да се земиме.
-А во кого се заљуби сега?
-Во оној Мануел што работи кај тебе во фирма.
-Знаеш што ќерко мене ми е стварно жал ама морам да ти кажам дека и за него неможеш да се омажиш, имав уште една афера и Мануел ти е полубрат!
Девојката не знаела што да прави и отишла кај мајка и да се пожали:
-Мамо, јас дава пати сум пред земање ама тато ме спречува затоа што и двајцата ми биле полубраќа од неговите афери.
-Ќерко слободно мажи се за кого сакаш, тој не ти е татко!