Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
'' Мојот сопруг се врати дома од работа и ги најде своите три деца во дворот, уште во пижами, сите калливи. Празните кутии од храна и книжина од чоколадо беа расфрлани насекаде низ тревникот. Вратата од автомобилот на жената беше отворена, како и влезната врата на куќата , и никаде не го виде ни нивното куче. Влезе во куќата, таму откри уште поголем хаос. Светилката беше срушен, тепихот беше собран до ѕидот. ТВ беше појачан до крај во дневната соба, и собата беше исполнета со разни играчки кои беа расфрлани по сите страни. Во кујната мијалникот беше преполн со валкани садови, храната беше истурена на масата и на подот, вратата на фрижидерот беше до половина отворена, на подот имаше скршено стакло во средината на кујната имаше еден мал куп песок. Тој брзо отиде горе скокајќи преку еден куп играчки и облека. Тој ја побара својата жена загрижен; помисли дека нешто се случило со неа. Тој виде дека од бањата протекува вода по подот. Подзастана погледна внатре и виде еден куп на влажни крпи, водата течеше од мијалникот, а во кадата имашее валкана вода полна со пена. Километри од тоалетната хартија лежеа расфрлани по бања и ходникот.
Побрза кон спалната соба и кога дојде таму остана вџашен: тој ја најде жената си како седи во пижами на креветот и чита книга.
Таа само мирно погледна во него, се насмевна, а потоа го праша како поминал на работа. Гледајќи во неа, тој, сеуште вчудоневиден од она што го виде во куќата, тој ја праша со низок глас: "Што се случило тука денес?"
Жената смирено погледна во него, се насмевна и рече:
"Знаеш, кога ТИ се нервозен секој ден од работата и кога ќе ми се издереш мене и кога ќе ме прашуваш -"Од што си уморна што правеше цел ден? "Е драги, денес тоа не го работев!" и продолжи да ја чита книгата.