Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Не сум избрал, кога ме родиле 20 години сум поминал во Македонија, но за во иднина сум избрал каде ќе живеам тоа е мојот сон во Австриа, Виена за некоја година ќе биде и тоа.
Убаво ми е тука. Кога би се преселила од овде, тоа може да биде само во Швајцарија, единствената држава што ја сакам колку и Македонија. Во дрвена куќичка, некаде под Алпите.
Во града Београда би одел јас. Е исто така ве молам немојте да зборите Косово, или автономна покраина Војводина, се увредувам. Ќе кажете сакам во Србија во Приштина или во Србија во Нови сад и сл.
Сакам да одам на по 1-2 години Барселона, Абу Даби, 3-4 години Њу Јорк, 1 година да шетам низ светот и после да се вратам тука некаде.. не Кочани, ама некој друг град во Македонија. Битола, или Скопје. Битола заради убавината на градот, Скопје заради можностите шо ги нуди.
Сум поминала доста време надвор од држава и од континентот, можат да зборат леле париз,рим, америка....луѓеова е рај овде оваа слобода и оваа топлина на народ ја нема нигде. Така да Скопјево не би го менувала