Дали џентлмените се загрозен вид во изумирање?

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Знам дека постојат. Само и општеството ги убива. Ако пред другар машко ти отвори врата или ти го даваат палтото веднаш е осуден како лигуш.. А тоа воопшто не е така
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
За среќа постојат џентламени (за моја среќа си имам еден таков :giggle ), за несреќа се’ се помалку на број. Можеби донекаде е точна фразата дека за да ги има нив треба да има и дами, ама поточно е тоа дека со секоја девојка доколку постапуваш како со дама тоа и ќе биде. Не сум сигурна зошто таа огорченост кон жените се зголемува, дали како реакција на нивната, нашата потреба за рамноправост, за подеднакво учество во се, или пак произлегува од поголемата слобода на жената која секако создава и поголем простор за завид меѓу самите жени, пак и начинот на живот во кој се помалку се ценат вистинските вредности... Но значи ли дека успешната, рамноправната жена не е дама и дека на нејзе не и е потребен џентламен? Секако не. Мислам дека мажите се помалку ги сакаат жените, се поретко да слушнеш маж кој жените ги издигнува на ниво на божици, ужива во нејзините мириси, на некој начин се помалку се оние кои, да речам поетично гледаат на женската појава. Секако зависи и од карактерот на мажот, можеби најголемо учество на создавањето на џентламенството е од домашното воспитување, ако тој за сопствената мајка создаде перцепција за суштество кое треба да се почитува и има пример (таткото) како треба да се однесува. Џентламенството на некој начин е култура и уметност на убаво однесување.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јас имам едно питањце. Зошто пак воопшто им се придава важност на џентлменство и „дамство“ и остало?
Чуруци сме бре, не знам, ко некој престиж да е да кажеш „Вауу дечко ми е џентлмен, ова, она направи.“
Еве јас на пример, неќам џентлмен. Не ја варам потребата од таков покрај мене.
Мене ми е глупаво ко дрво да стојам/седам и да чекам од него банални работи бе.
Глупаво ми е да застанам ко статуа и да чекам да ми отвори врата, ко јас фатена да сум во рацеве.
Глупаво ми е да ми трга стол, ко јас да не знам да седнам, немој, ноктето ќе ми се скрши.
Најглупо ми е кога ги гледам седнале ко мивки и на секое чекаат тој да извади новчаник да плати едно кафе од 50 денари.
Па да ти се плукнам мори паразитке една, не си сиротиња. Понуди се барем да делиш. Тоа дамско понашање ли е?
Да не треба и да клекне и рака да ми пољуби кога ќе ме види? Уф, скапоцената јас.
Тоа, драги мои, не е џентлменство. Тоа е лечење хирови, комплекси и одење по газ.
Џентлменство - поим од поодминато време кога момците морале да ги импресионираат родителите на нивната избраничка.
Сега кога се’ е изопачено, најбитно е да е човек со некакви вредности и морали.

Јас сакам бре некој со кој ќе можам да се мајтапам, да одиме по улица и да се занесуваме лево-десно, да се смееме гласно на глупости без гајле дали некому ќе делуваме ко дама и џентлмен, сакам да си маваме сеир, па и да си опалиме по некоја пцовка море ако е потребно. Не сум растение па така да дремам.
Е не, ќе чекам да ми го сервира на златна тацна „Најдрага моја, бисеру мој, мојов срамежлив џентлмен кој лежи на оваа златна тацна се нуди на твојата дама. Дали нејзиното Височество би прифатило дружба со овој покорен Господин?“ (wasntme)

Добро ај, уште сум зелена сега. За 10 години сигурно нема да ми личи горенаведеното, ама сепак на нерви ми скакаат препичњачки што едвај пркнале од земја, а веќе бараат џентлмен иако врска немаат што тоа значи.
 

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
Неспорно е дека со постоењето на дами ќе има и џентламени и обратно, но овој начин на однесување се учи уште од мали.

Секако зависи и од карактерот на мажот, можеби најголемо учество на создавањето на џентламенството е од домашното воспитување, ако тој за сопствената мајка создаде перцепција за суштество кое треба да се почитува и има пример (таткото) како треба да се однесува. Џентламенството на некој начин е култура и уметност на убаво однесување.
Потполно се согласувам со кажаното
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
И јас мрзам да сум џентлмен не дека ја третирам лошо девојката далку од тоа ,но нејкам девојка да ми е леле ајде отвори ми врата, части ме пијачка,ајде земиме со кола да не одам сама, и такви слични работи, едноставно сакам д ми биде забавно смеа ,правење откачени работи и сл.
 

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
И јас мрзам да сум џентлмен не дека ја третирам лошо девојката далку од тоа ,но нејкам девојка да ми е леле ајде отвори ми врата, части ме пијачка,ајде земиме со кола да не одам сама, и такви слични работи, едноставно сакам д ми биде забавно смеа ,правење откачени работи и сл.

Дали да бидеш џентламен или дама значи да бидеш здрвен и да не си кул? НЕ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet and Mystique

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Постојат џентлмени, но многу се ретки. Впрочем мислам дека на моја возраст (18) скоро воопшто и ги нема.

Обично постарите и позрелите момци, кога ќе излезат од таа фаза кога сметаат дека да се пијанчиш, да пцуеш како да нема утре, да се однесуваш како дете и да им се обраќаш на дамите со "пи*ки", почнуваат да сфаќаат дека добрите девојки, тие што вредат, всушност преферираат џентлмени. Зборуваме за девојки кои сакаат да се третирани убаво, кои сакаат долги и успешни врски итн.

Сега, може нема џентлменот да ги има најдобрите стомачни или најубавата фаца - ама ако тоа ви е најважното за да одлучите дали сакате да бидете во врска со него (со некој со просечен изглед, но џентлменско однесување) - тогаш не барате џентлмен, а не ни заслужувате.

А (иако темата не е за тоа, но спомнати се) добри девојки има повеќе отколку што има џентлмени. Можеби не се секогаш најубавите, најзгодните, најцицлестите или со огромен задник - ама ги има.

Ако некој не може да ги најде вистинските дами кои вреди да се запознаат - не знае да бара, а истото се важи и за дамите кои бараат џентлмени и "тврдат" дека нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Oleri

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Јас имам едно питањце. Зошто пак воопшто им се придава важност на џентлменство и „дамство“ и остало?
Чуруци сме бре, не знам, ко некој престиж да е да кажеш „Вауу дечко ми е џентлмен, ова, она направи.“
Еве јас на пример, неќам џентлмен. Не ја варам потребата од таков покрај мене.
Мене ми е глупаво ко дрво да стојам/седам и да чекам од него банални работи бе.
Глупаво ми е да застанам ко статуа и да чекам да ми отвори врата, ко јас фатена да сум во рацеве.
Глупаво ми е да ми трга стол, ко јас да не знам да седнам, немој, ноктето ќе ми се скрши.
Најглупо ми е кога ги гледам седнале ко мивки и на секое чекаат тој да извади новчаник да плати едно кафе од 50 денари.
Па да ти се плукнам мори паразитке една, не си сиротиња. Понуди се барем да делиш. Тоа дамско понашање ли е?
Да не треба и да клекне и рака да ми пољуби кога ќе ме види? Уф, скапоцената јас.
Тоа, драги мои, не е џентлменство. Тоа е лечење хирови, комплекси и одење по газ.
Џентлменство - поим од поодминато време кога момците морале да ги импресионираат родителите на нивната избраничка.
Сега кога се’ е изопачено, најбитно е да е човек со некакви вредности и морали.

Јас сакам бре некој со кој ќе можам да се мајтапам, да одиме по улица и да се занесуваме лево-десно, да се смееме гласно на глупости без гајле дали некому ќе делуваме ко дама и џентлмен, сакам да си маваме сеир, па и да си опалиме по некоја пцовка море ако е потребно. Не сум растение па така да дремам.
Е не, ќе чекам да ми го сервира на златна тацна „Најдрага моја, бисеру мој, мојов срамежлив џентлмен кој лежи на оваа златна тацна се нуди на твојата дама. Дали нејзиното Височество би прифатило дружба со овој покорен Господин?“ (wasntme)

Добро ај, уште сум зелена сега. За 10 години сигурно нема да ми личи горенаведеното, ама сепак на нерви ми скакаат препичњачки што едвај пркнале од земја, а веќе бараат џентлмен иако врска немаат што тоа значи.

Постов ти е ептен феминистички, и како женско и јас потполно те поддржувам. Сакам и јас да сум независна и слободна и рамноправна.
Но не знам дали ти си почувствувала ама јас во многу ситуации сум се осетила како да сум конкуренција на машките околу мене. Почнаа да не третираат како машки другар. Епа сигурно нешто значи тоа што се они машки а ние женски, сигурно не е исто местото на мајката и местото на таткото, постопи полова разлика бидејќи така сме настанати. Јас признавам дека сакам утре тој што ќе ми биде маж да ме стави на пиедестал со љубовта и почитта што ќе ја има за мене, нормално ако тоа го заслужувам. Моменталното крајно неџентлменско однесување на мажите дури е и закана за жените. Зголемен е бројот на физички напади врз своите сопруги, и постојана психичка тортура. Баш поради тоа што мажите мислат дека ние сме го прифатиле како нешто нормално пцуењето,тепањето и увредите. Јас не мислам дека џентлмен е човек кој ќе стои како кип до мене, ќе служи за отварање на врата и плаќање на сметка. Сепак холивудските филмовите и тоа како влијаат на тоа како ги доживуваме работите потоа. Како жена сакам да бидам понежната половина, и сакам со нежност да се однесуваат кон мене. Не ме прави тоа ниту неспособна, ниту мрзелива и далеку од паразитка. Сакам утре мојот син да гледа како неговиот татко ја почитува неговата мајка, а мојата ќерка да научи дека за такво однесување мора да биде достојна. Современи дами и џентлмени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Темата џентлмен, сме читале за ваквите ендемски видови во книгите на Николас Спаркс, и сме ги гледале во холивудските романтични комедии. Студирјќи на оваа тема:):) наидов на спротиставување помеѓу машките и женските погледи(што и не ме зачуди) на оваа тема.

Жените се жалат како повеќе не постојат мажи кои отвараат врата од автомобил, ги носат кесите од попладневното пазарување, на -20степени го соблекуваат своето палто за да и го дадат на девојката , стануваат во преполн автобус од своето место за да и го отстапат на некоја жена/девојка/баба и слично. Вистински мажи во вистинска смисла на зборот. Дали треба да се задоволиме со мажите на кои секој втор збор е пцофка, секоја втора мисла е вулгарна и секој прв манир потсетува на примитивниот прачовек.

Од другата страна пак мажити се прашуваат како да постојат џентлмени кога во денешно време со самото тоа што жените бараат рамноправност , услугите на џентлмените не се посакувани. Џентлмените изумреја со пристапување на сила на рамноправноста маж-жена. Исто така имаше и коментари од типот како да постои џентлмен кога повеќе нема дами, за кого да бидеме џентлмени, за шмизли, спонзоруши? Вистинската дама во вистинска смисла на зборот сама ќе си најде џентлмен, затоа што со такви жени , мажите неможат а да не се однесуваат со целосна почит, восхит.

Кое е вашето мислење на оваа тема?

Лично за мене, практикувам и се трудам секогаш да бидам прикажан во добро светло како џентлмен.Помалку повеќе ги практикувам скоро сите манири кои би требало да ги прави еден џентлмен.Ама сеуште не можам да кажам дека сум џентлмен.Од оправдани причини.
Во врска со жените, да, точно е дека денес постојат се’ помалку дами.
Но тоа не би ме интересирало доколку јас како „џентлмен“ си барам девојка која има манири на дама.Се останато го класирам како трула вишња и не се замарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri