Дали понекогаш ве фаќало трема?
На пр. во школо/факултет пред испит/тест или пред усно испрашување, на интервју за работа, на некој квиз доколку сте биле, пред некоја женска/дечко, пред првиот бакнеж итн......
Трема постои кај сите, но кај некој е помала кај некој помала. Мене ме има трема фаќано, но не сум голем тремаџија па којзнае колкава паника да дигам. Ме фаќало некад пред полагање за кола (првиот пат само) а пред тестови, усни испрашувања итн ич.
Јас познавам луѓе и со многу трема, се потресуваат ко којзнае што да е.
Дали вие имате такви познаници, другари, роднини итн што се големи тремаџии?
Или пак вие сте?
Порано имав многу трема.Општо за се.
Ама има лек. Секое посабајле, штом отвориш очи ќе си наточиш коњак една чашка ќе си ја дрмнеш на екс и немаш гајле.
И ти се ослободуваат мисли, напнатоста ти поминува, побрзо размислуваш и си раздвижен одма.
Веќе доолг период овој метод го употребувам.Некој тоа го вика хроника а јас крема против трема.