Дали сте тремаџии?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Дали понекогаш ве фаќало трема?

На пр. во школо/факултет пред испит/тест или пред усно испрашување, на интервју за работа, на некој квиз доколку сте биле, пред некоја женска/дечко, пред првиот бакнеж итн......

Трема постои кај сите, но кај некој е помала кај некој помала. Мене ме има трема фаќано, но не сум голем тремаџија па којзнае колкава паника да дигам. :frantic:roflМе фаќало некад пред полагање за кола (првиот пат само) а пред тестови, усни испрашувања итн ич. :D

Јас познавам луѓе и со многу трема, се потресуваат ко којзнае што да е.

Дали вие имате такви познаници, другари, роднини итн што се големи тремаџии?
Или пак вие сте? :D

Порано имав многу трема.Општо за се.
Ама има лек. Секое посабајле, штом отвориш очи ќе си наточиш коњак една чашка ќе си ја дрмнеш на екс и немаш гајле.
И ти се ослободуваат мисли, напнатоста ти поминува, побрзо размислуваш и си раздвижен одма.
Веќе доолг период овој метод го употребувам.Некој тоа го вика хроника а јас крема против трема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
трема имам почуствувано само еднаш кога за прв пат требаше да излезам пред публика, а тогаш бев многу мала, 7 годинки... и среќна сум што е само тогаш, воопшто не е убаво тоа чувство :x имам една другарка која кога ќе станеше во средно да одговара усно, се збунуваше и забораваше се, а да и дадеш тест ќе го напише цел... тоа го прави тремата, голем проблем може да биде (n)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
бев порано,
сега дури си се чудам колку не сум :D
 

Nemirna.

Активен Член
14 февруари 2012
116
84
28
Тремаџија сум, но со граници. Пример МНОГУ ме фаќа треба пред усно испрашување, а на тест сум послободна и поопуштена. Пред да излезам со некој дечко исто така имам трема и кога ќе дојдам на договореното место јас не сум забавната јас туку таа малце по срамежливата :sram Тоа се обидувам да го сменам:zelen
 

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
одамна заборавив што е трема, но кога играм фудбал понегогаш ме фаќа ако е натпреварот многу важен
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Ме фаќа трема пред јавни настапи, тоа нешто нормално. Но успевам да ја контролирам и да не ме победи. Ако е негативна да ја преобразам во позитивна :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Трема е состојба која те фаќа во моменти коа мислиш дека правиш нешто големо и значајно за тебе. Не можам да кажам дека не ме фаќало трема. Кога свирев у средно пред сите наставници прстите ми се тресеа првиот пат, после си апнав чоколатце и се смири треперењето. Зависи колку многу трема те има фатено, во одредени ситуации може лесно да прерасне во страв. Но дека некој е имун на трема нека им кажува на дечиња од 2 месеца што не го разбираат што им зборува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Мислам дека сум голем тремаџија,посебно од камера,кога ќе видам штрафта да ме нема.:trca
Инаку на испит и сум имала и сум немала трема.Се тоа било од тоа како сум била спремна за полагање.Но цревата онака ќе ти се вртат пред да влезеш да полагаш.(puke)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
бев порано,
сега дури си се чудам колку не сум :D
Исто,ваљда годините и искуството си го прават своето.
Не дека бев и порано којзнае колкава трмаџика,ептен ако ме надвјаксаше страмот :unsure
но повеке не сум.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Не некогаш туку секогаш и тоа од: интервјуа за раб, пред и додека сум на бина, кога се запознавам со непознати, кога треба да се објаснувам со познати или да се расправам да речеме, 5 месеци имав ужасна трема пред секое легнување со дечко ми, првиот и вториот пат кога полагав за кола а и секое седнување позади волан, пред камера паничев ама демек се поднавикнав... Море пак паничам. Ама не ми смета воопшто, си знам дека ќе испаничам ама никогаш тотално не ме надвладала тремата.