Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии?

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Народов заборави да чита со она сериине , а мозокот им реагира само кој која што и рекла во серијата и ко ќе ги слушнам на продавница - е чоек и ја така ко Ананди ( или незнам која )
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Не сум задоволна, нема едукативни емисии и има само серии.
 
Последна промена од модератор:

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
59
1,028
34
Не сум задоволен а причината е премногј простор за синхронизирани турски серии на македонски јазик, политички дебати.

Народот заборави да пушта телевизија и македонски тв канали за да се опушти т.е да се релаксира со добар семеен комедија филм, со музички емисии..

Разбирам политиката е битна и таа да не е нема живот во една држава или град но премногу ни ги пумпаат главите со тоа и се сме незадоволни од животот, владее се повеќе депресија, исто и со сапунските серии се се некој расплеткани со омраза меѓу фамилии, со неверства или пак и да се хумористични се сихронизирани со едни исти гласови (македонски актери) кој ги слушаме во повеќето од нив и не се природно одглумени како на оргинално што се.

МРТ, Канал 5 и Сител претераа исто со народните македонски приказни а веќе сме 21ви век и треба нешто модерно од денешно време.

Ете почнаа со серии од наша македонска продукција но единствено Преспав се задржа долго.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не воопшто, затоа и си ги гледам странските каде што има убави и квалитетни серии. Нашите од турските серии не мрднаа, ниту има некоја забавна емисија или некое шоу како пример America's next top model или некое слично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
59
1,028
34
Не воопшто, затоа и си ги гледам странските каде што има убави и квалитетни серии. Нашите од турските серии не мрднаа, ниту има некоја забавна емисија или некое шоу како пример America's next top model или некое слично.
За America's next top model треба пари и добра организација. Треба менаџери кој после ќе се грижат за тие модели убави девојки да имаат модна кариера.
И не само за ова шоу туку и за ред други парата е големиот проблем, можноста за тоа да се реализира целосно како што е на тие странски телевизии.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кокошката или јајцето, дали фиромјаните се на ниво на турски серии и гранд продукција или таа им била сервирана?
I`d go for the former...сепак се работи за несфатливо глупава популација на овие простори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Кокошката или јајцето, дали фиромјаните се на ниво на турски серии и гранд продукција или таа им била сервирана?
I`d go for the former...сепак се работи за несфатливо глупава популација на овие простори.
Да не ги заборавиме среќни луѓе, коцки, каде има борба за мајонез.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Да не ги заборавиме среќни луѓе, коцки, каде има борба за мајонез.
Какви бисери излегуваат од тој квиз ич не е за потценување, :) а попрво тоа би го гледала отколку да ми го трујат мозокот со политика :)
Ама па затоа да се живи и здрави VH1 i VH1 Classic што знаат да спасат ситуација плус да те мотивираат побрзо да работиш по дома :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Anita Nikoloska

Староседелец
23 мај 2020
32
12
608
35
Едноставно кажано од Сител и Канал 5 сум задоволна, а од останатите телевизии не сум задоволна.