Дали сте задоволни од нашето здравство?

Laila

Полноправен Член
18 јуни 2019
30
25
8
Болници со испукани ѕидови, влага, бубашваби насекаде, руинирани тоалети. Земја во која народот бара помош преку социјални мрежи, а се лекува со собирање донации преку смс пораки. Земја во која стапката на ракот е во енормен пораст заради тоа што не можеме да најдеме решение за загадувањето на воздухот. Болните едвај наоѓаат лекови во аптеките или ги увезуваат од странство, ако имаат услови за тоа. Земја каде што нема доктори заради тоа што никој не го цени и вреднува нивниот труд. И, како да бидам задоволна?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Бушиме ново дно со девојката што 5 дена ја чувале во тетовската болница со скапана матка после царски и не ја испратиле во Скопје само и САМО поради пусто его. Да не напнеле, да остане малото без мајка сега.
Текстот не е ни за читање од што е тежок да се свари, а не па да се преживее.
Ја знам како паметна и креативна личност, ептен криво ми падна што го преживеала тоа.

Зошто воопшто имаме државно здравство?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Mnogo Bitno